Во Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје
Во Големата сала на Општина Кисела Вода, вчера се одржа втората едукативна трибина за женското здравје. Овој настан е дел од низата активности на Општина Кисела Вода заедно со Здружението „ХЕМА-ОНКО“ во рамките на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Настанот беше посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта на оваа средба беше преку стручни совети и реални …
Continue Reading
Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење. „Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона …
Continue Reading
Андоновски: Уште едно исполнето ветување, нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска е во работна посета на Општина Кочани, каде што заедно со градоначалникот Влатко Грозданов го промовираше новиот Центар за услуги – ЕТУ Кочани. Со отворањето на центарот, жителите на Кочани и околината добиваат можност на едно место да пристапат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење. Во изјавата за медиумите, …
Continue Reading
Србија ja продолжи забраната за извоз на горива и намалувањето на акцизите
Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на нафта и нафтени деривати до 31 октомври. Одлуката ја донесе Владата во технички мандат на 24 септември, а е објавена во „Службен гласник“. Забраната првпат беше воведена во март, со цел да се заштити домашниот пазар од евентуален недостиг на гориво и раст на цените, поради нарушувањата на светскиот пазар на нафта. …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади
Во општина Чешиново Облешево изминатава година се работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и создавање подобри можности за семејствата, младите и најмладите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во делот на поддршката за семејствата, секое прваче доби финансиска поддршка од 3.000 денари, додека за секое првородено дете семејствата добија парична помош од 6.000 денари. Исто така, младите брачни парови се …
Continue Reading
Кривична пријава против двајца радовишани: произведувале и продавале мраз со ешерихија коли и колиформни бактерии
Мраз произведуван во нехигиенски услови и со бактерии од фекално потекло со години бил продаван во Радовиш. Полицијата поднесе кривична пријава против двајца 62-годишни радовишани поради постоење на основано сомневање дека извршиле продолжено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“ по член 213 од Кривичниот законик. „Пријавените повеќе години наназад, како нерегистрирани производители на мраз, …
Continue Reading
(Видео) Невреме го парализира источниот брег на САД: поплави, силен ветер и откажани летови
Силна бура ја погоди источниот брег на САД, носејќи обилен дожд, силен ветер и поплави. Невремето веќе го наруши авионскиот сообраќај, а се одложуваат и откажуваат спортски натпревари и големи концерти. На удар се Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род Ајленд, а метеоролозите предупредуваат дека невремето би можело дополнително да зајакне во текот на викендот. Станува збор за таканаречен …
Continue Reading
ЕУ предупредува на нова енергетска криза поради растот на цените на нафтата и гасот
Европската Унија се соочува со нова криза со цените на енергијата, поттикната од последиците од војната со Иран врз светските пазари на нафта и гас. Предупредувањето го упати еврокомесарот за енергетика Дан Јоргенсен во писмо до министрите за енергетика на земјите-членки, во кое повикува на дополнителни мерки за намалување на потрошувачката. „Се соочуваме со ценовна криза која е поврзана со …
Continue Reading
(Фото+видео) Напад со дронови врз рафинерија во рускиот Краснодарски регион, има загинати
Рафинеријата „Иљски“ во рускиот Краснодарски регион била цел на напад со дронови во текот на ноќта. На снимки и фотографии објавени на интернет се гледа голем пожар во објектот. Гувернерот на Краснодарскиот регион Венијамин Кондратјев потврди дека дронови го нападнале Северскиот округ, каде што се наоѓа рафинеријата. Тој соопшти дека има загинати, а едно лице е тешко повредено. 🔺️🔥 Drony …
Continue Reading