Царинска управа: Во еден ден откриени 12 мигранти од Египет и Судан
Царински службеници од Царинарница Скопје во еден ден открија 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена за увозно царинење во две различни испостави. Во царински терминал во Тетово, царинските службеници уште пред да извршат контрола на камионот се посомневале за можно присуство на илегални мигранти, поради што повикале асистенција од МВР по што …
Continue Reading
Бела ноќ 2026: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, „Допамин“, музика и уметност во Скопје
На 3 октомври, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, главниот град ќе живее во ритамот на „Бела ноќ“, со концерти, изложби, диџејски настапи и програма за најмладите. Плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ), на 3 октомври ќе обедини повеќе генерации публика со програма што започнува со детска песна и театар, а продолжува со концерти и музика …
Continue Reading
Вежба за евакуација при земјотрес и пожар утре во Охрид
Утре, 1 октомври, во 12:30 часот, во компанијата „Костал“ во Охрид ќе се одржи показна вежба за евакуација во услови на земјотрес и пожар. Вежбата е од превентивен карактер и има за цел подобра координација и поефикасно заедничко делување на тимовите од надлежните служби при брза реакција во случај на земјотреси и пожари, како и намалување на негативните последици од …
Continue Reading
(Видео) СДСМ обвинува дека построгите критериуми ќе остават илјадници земјоделци без поддршка
Новите критериуми за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година ќе остават без субвенции околу 10.000 земјоделци кои досега ја користеле оваа поддршка, смета Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на прес-конференција изјави дека Владата ја намалила поддршката за земјоделците и вовела построги критериуми за добивање субвенции. „Рокот за пријавување за субвенции за 2026 …
Continue Reading
Сулејмани за Годишните конкурси: Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, соопшти дека од денеска во 12 часот е отворен системот за електронско пријавување на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година. Системот за електронско пријавување ќе биде отворен до 30 октомври 2026 година, до 15:30 часот. Сулејмани истакна дека конкурсите се наменети …
Continue Reading
Бугарскиот селектор поднесе оставка
Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Димитров поднесе неотповиклива оставка по разочарувачкиот почеток на Лигата на нации. Бугарите освоија само еден бод од првите два натпревари, двата одиграни во Пловдив. Прво беа изненадени од Луксембург, загубија со 2:1, а потоа одиграа без голови против Естонија. Димитров ја објави својата одлука веднаш по вториот натпревар, …
Continue Reading
Бесплатна психосоцијална поддршка за млади во ризик од употреба на дроги во Центар
Општина Центар, во соработка со Здружението ХОПС, обезбедува бесплатна психосоцијална поддршка за младите во ризик од употреба на дроги и за нивните семејства. Во Дневниот центар за рехабилитација и реинтеграција на ХОПС, младите и нивните семејства добиваат стручна помош, советување и третман во безбедна средина, без осуда и стигматизација. Достапни се психолошка и психијатриска поддршка, помош од социјален работник, советување …
Continue Reading
Загреб затрупан со отпад по три дена штрајк
Трет ден трае штрајкот на работниците во комуналната служба за собирање отпад и на возачите на трамваи, а Загреб полека „тоне во хаос“. „Контејнерите за отпад пукаат по рабовите, а на улиците гозба имаат враните и стаорците“, пишува порталот „Данас“. Во меѓувреме, Жупанискиот суд во Загреб денеска пресуди дека штрајкот на работниците на „Чистоќа“ е незаконски организиран. Клучен за ваквата …
Continue Reading
Левица Град Скопје: Да се укине групното поставување советнички прашања – трет пат нема да дозволиме нормална седница
„Утре Советот на Град Скопје повторно ќе одржи седница посветена на советнички прашања. Пред нејзиното одржување, Советничката група на Левица уште еднаш јавно бара да престане практиката на групно поставување и групно одговарање на советничките прашања, против која реагираме веќе две последователни седници“, велат од Левица. „Советничките прашања постојат за советникот непосредно да побара отчет, да го слушне одговорот и, …
Continue Reading