Фараж до Бернам: Ако сакате да се борите за враќање во ЕУ – само напред

Лидерот на британската партија „Реформа на Велика Британија“, Најџел Фараж, му порача на премиерот Енди Бернам да „продолжи“ ако сака политичката борба да ја фокусира на прашањето за повторно приклучување на Велика Британија кон Европската Унија. Фараж, зборувајќи во Донкастер, оцени дека Бернам му дал, како што рече, „најголем поттик во неговата кариера“ со отворањето на дебатата за односите со …

Continue Reading

„Не го исполнивме она што го ветивме“: Германија врши притисок врз ЕУ за Балканот

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика членките на ЕУ да ги исполнат своите ветувања за проширување кон Западен Балкан во Будва. Тој предупреди дека Унијата го ризикува сопствениот кредибилитет и влијание во регионот со тоа. „Процесот на проширување на ЕУ е на пресвртница“, изјави Вадефул за новинарите по состанокот одржан како дел од Берлинскиот процес. Во овој …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод почетокот на новата академска 2026/2027 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа им порача на бруцошите да учат уште од првиот академски ден, да развиваат критички ум, да ги бранат принципите и вредностите. За неа, универзитетот, којшто не случајно ужива автономија, треба да воспитува млади луѓе, способни …

Continue Reading

Мерц: Европа треба да го направи НАТО „поевропски“ за да опстане

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес оцени дека Русија го загрозува мирот во Европа бидејќи, како што изјави, спроведува „насилен ревизионизам“ и одбива да седне на преговарачка маса за решавање на кризата во Украина. За време на неговата посета на Првиот германско-холандски корпус во Минстер, тој рече дека агресијата на Русија против Украина ја започна Москва „со целосно непочитување и презир …

Continue Reading

Путин: Светот е на одлучувачка пресвртница, Истокот и Западот ќе мора да се договорат за нов поредок

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека светот достигнал одлучувачка пресвртница во својот развој, нагласувајќи дека промените што се случуваат не се ограничени само на политиката. „Политиката, како и секогаш, произлегува од длабоки промени“, рече Путин на пленарната сесија на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“. Според него, човештвото чувствува големи промени, но сè уште не го разбрало целосно вистинскиот обем на …

Continue Reading

Утре, ведро и студено наутро, преку денот сончево

Времето утре наутро ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од …

Continue Reading

Фон дер Лајен утре во Скопје: тет-а-тет средба и работен ручек со Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре (петок), во 12:00 часот ќе пристигне и ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, во 12:10 часот е предвидена тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Потоа според најавите од владиниот кабинет, следува работен ручек на претседателката на Европската комисија Урсула фон …

Continue Reading

Невреме предизвика поплави и свлечишта на Крит: има загинати и повредени

Силната бура што денес ја погоди јужна Грција предизвика поплави и свлечишта на Крит, при што загина едно лице, а други две беа повредени, објавија локалните власти. Постар маж по кој се трагаше од синоќа е пронајден мртов под урнатините во областа Каваларис во Ретимно, објави „Катимерини“. Повреден пар патувал со автомобил преку мост во Ливадија, планинско село околу 40 …

Continue Reading

Дел од улицата „Димитрие Чуповски“ утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре (02.10.2026 год) поради дефект на затворач ф-80 мм на Димитрие Чуповски 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading