Делови од општините Аеродром и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците на улица Тодор Чангов бр.49, општина Аеродром; – во периодот од 08.30 до 11.15 часот потрошувачите на дел од булеварот Македонско-Косовска Бригада и улицата Методија Митевски ќе останат без електрична енергија поради работа во ТС Топаанско Поле 11 (380512), …
Continue Reading
Денеска без вода корисниците на улицата Џон Кенеди: намален притисок ќе има населбата Топанско Поле
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф250 на Ф125 мм.на улица Ферид Заири 12. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од дел од Џон Кенеди, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.
Continue Reading
Променливо облачно со повремени сончеви периоди: во западните делови слаби врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 …
Continue Reading
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената која тврди дека Брижит е маж
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга, Брижит Макрон, поднесоа нова тужба против американската авторка на подкасти, Кендис Овенс. Тие ја тужат поради тврдења со кои се доведува во прашање родовиот идентитет на француската прва дама. Тужбата е поднесена на 4 ноември пред федерален суд во сојузната држава Тенеси, каде што живее Овенс. Макронови ја обвинуваат дека продолжува да шири …
Continue Reading
ВЛЕН: Остануваме посветени на исполнувањето на ветувањата пред граѓаните
Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која се разговараше за актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите за претстојниот период. По седницата, од ВЛЕН испратија соопштение. Во него се наведува дека усвојувањето на предлогот за правосудниот испит во Владата претставува историски исчекор, со кој за првпат се предвидува полагање на испитот и на албански јазик. Ги слушнавме студентите …
Continue Reading
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока расправија за Иран
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, наводно имале жестока расправија за време на телефонски разговор изминатиот викенд, во врска со можното продолжување на воените операции против Иран. Разговорот бил исклучително напнат, а еден извор го опишал како „пеколна размена полна со викање“, според израелскиот весник „Једиот Ахронот“. Весникот се повикува на извори запознаени со разговорот, кои тврдат …
Continue Reading
Апсења по поразот на партијата на Вучиќ, над 90 лица приведени во Србија
Повеќе од 90 лица се уапсени во Србија во текот на изминатите две недели, во серија полициски операции. Меѓу уапсените има високи полициски функционери, банкари, вработени во покраинската и локалната самоуправа, како и директори на јавни претпријатија. Апсењата уследија по парламентарните избори одржани на 25 октомври. На вонредните избори победи „Студентска листа – Студентите победуваат“ (Studentska lista – Studenti pobjeđuju), …
Continue Reading
Каспаров го откажа патувањето во Берлин, тврди дека Путин сака да го убие
Гари Каспаров, еден од најистакнатите критичари на Кремљ, го откажа своето планирано учество на берлинската „Недела на слободата“. Поранешниот светски шаховски шампион, кој живее во егзил во Њујорк, требаше лично да присуствува на настанот, исто како што направи и минатата година. Сепак, разузнавачките и безбедносните служби го предупредиле дека патувањето во Берлин нема да биде безбедно за него, пренесува „Билд“. …
Continue Reading
Изложба ФЕМИНА 8: „Женска книга, феминистичко писмо, политичко тело“ во Мала станица
Под наслов ФЕМИНА 8: „Женска книга, феминистичко писмо, политичко тело“ на 12 ноември вo 18.30 часот, во „Maла станица“ при Националната галерија, Скопје, ќе биде отворена изложба чија кураторка е д-р Сузана Милевска. Организатор e Друштвото на ликовните уметници на Македонија -ДЛУМ, a изложбата е дел од актуелното одбележување на 80 – годишнината од неговото постоење. Таа ќе обедини седум …
Continue Reading