(Видео) Трамп: Можев да им направам лоши работи на Хилари Клинтон, Бајден и Обама

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изјави дека можел да им направи „лоши работи“ на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и на поранешните претседатели Барак Обама и Џо Бајден. Тој коментираше за евентуалниот обид на демократите да покренат постапка за негово отповикување. На прашањето за што би можеле демократите да побараат импичмент ако победат во Претставничкиот дом и Сенатот на …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос: добиено ветување за силна поддршка на македонскиот пат кон ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република, Јоанис Малукос. Таа, третирајќи ја Грција како важен сосед и потенцијален стратешки партнер, изрази искрено очекување за отворање ново поглавје во меѓусебните односи, во духот на добрососедството, градено низ bona fide политика. За Сиљановска-Давкова, Хеленската Република, како земја од регионот со најдолго искуство …

Continue Reading

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година

Владата денеска на седница го разгледа и усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година. Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата. Со предложените измени, вкупните …

Continue Reading

Одземен пасошот и забрана за работа: мерки на претпазливост за вишиот јавен обвинител од Битола

  Мерки на претпазливост му се определени на шефот на Вишото јавно обвинителство Битола, против кого е поведена истрага поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание, соопштија од Кривичниот суд Скопје. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост …

Continue Reading

(Видео) Градоначалник во Франција ги брани учениците од полицијата, беше погоден со солзавец

Бали Багајоко, градоначалникот на францускиот град Сен Дени во близина на Париз, вчера беше погоден со солзавец додека се обидуваше да ги смири тензиите меѓу полицијата за немирите и младите демонстранти. Багајоко се позиционираше меѓу двете страни за време на големиот марш во Париз, организиран поради лошите услови во училиштата. Снимките од настанот го прикажуваат градоначалникот во кордон меѓу демонстрантите …

Continue Reading

Мајката на жртвата проговори откако Криста Пајк го преживеа погубувањето: „Губам надеж“

Мајката на убиената Колин Слемир, Меј Мартинез, изјави дека имала чувство дека Криста Пајк нема да умре за време на обидот за погубување. Криста Пајк, осудена на смрт за убиството на 19-годишната Колин Слемир, преживеала неуспешен обид за погубување во Тенеси. Нејзините адвокати сега велат дека таа е свесна и зборува, додека мајката на нејзината жртва вели дека очекувала Пајк …

Continue Reading

„Јас сум жртва на семејно насилство“: Хали Бери проговори за обвинувањата на нејзиниот поранешен сопруг дека го злоставувала својот син

Хали Бери проговори откако нејзиниот поранешен сопруг, Оливие Мартинез, изнесе обвинувања против неа, тврдејќи дека го злоставувала нивниот син. Имено, Мартинез побара целосно старателство над тринаесетгодишното момче, тврдејќи дека Хали физички го нападнала својот син на 26 септември. На 1 октомври, Мартинез успеа да добие забрана за пристап, со која автоматски се суспендира претходниот модел на еднакво родителство воспоставен откако …

Continue Reading

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ. Посакувајќи му добредојде, таа изрази уверување дека во неговиот мандат добрите македонско-турски односи ќе станат уште подобри. За неа, Турција е не само наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО, туку и искрен пријател којшто ги разбира македонските приоритети. Во формирањето на Советот …

Continue Reading

Шестгодишно девојче падна од трети кат во Берлин

Шестгодишно девојче падна од прозорец од трети кат во Берлин, но беше фатено од 34-годишен маж кој стоеше под прозорецот. Девојчето помина само со полесни повреди и беше однесено во болница на набљудување. Инцидентот се случил вчера вечерта во населбата Нојкелн, во засолниште за бездомници на Ланштрасе. Мажот го забележал девојчето на отворениот прозорец и застанал под него. Кратко потоа, …

Continue Reading