Шасивари се сретна со грузискиот министер за правда во Истанбул
На маргините на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари билатерална средба со министерот за правда на Грузија, Паата Салиа. Во фокусот на средбата беа можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, размената на искуства во реформските процеси и предизвиците со кои се соочуваат правосудните системи. Соговорниците разговараа за значењето на зајакнувањето на владеењето …
Continue Reading
СЗО: Две третини од младите во Европа имале тешки искуства во детството
Повеќе од две третини од младите во Европа доживеале тешки искуства во детството, како семејно насилство, злоупотреба или загуба на родител, што може да остави долгорочни последици врз нивното ментално здравје и квалитетот на животот, покажува нов извештај на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, пренесува „Еуроњуз“. Истражувањето, спроведено меѓу ноември 2025 и јануари 2026 година, опфатило …
Continue Reading
Андоновски: Нашата цел е електронските услуги да стигнат до секој граѓанин
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, го посети новиот Центар за услуги – ЕТУ Струмица, сместен во општинската зграда. Со отворањето на 18-тиот Центар за услуги во Македонија, граѓаните на Струмица и на околните општини добиваат пристап до 350 услуги од Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, со непосредна помош од …
Continue Reading
СДСМ: Не работат скенери, томографи, фалат лекови – со Клековски и Мицкоски здравството е во хаос
Во 21 век кога светот оди напред со иновации и технологии во здравство, кај нас не работат основни медицински апарати неопходни за итни случаи. Три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клиничкиот центар, велат од СДСМ преку соопштение. „Три недели пациенти чекаат, за преглед, ама болеста не чека. Во изминатите две години Пет скенот не работи, иако е …
Continue Reading
Литванија распоредува до 100 војници на границата со Русија
Литванија превентивно го засилува надзорот на границата со руската енклава Калининград, а за поддршка на граничната полиција ќе бидат распоредени до 100 војници. Министерот за внатрешни работи Мартинас Кателијнас изјави дека побарал воена поддршка, нагласувајќи дека состојбата на границата во моментов е мирна и дека станува збор за превентивна мерка. Министерот за одбрана Робертас Каунас го одобрил распоредувањето и најавил …
Continue Reading
Скопјанец пријавил разбојништво откако женско лице го нападнало и му одзело пари
Скопјанец пријавил разбојништво отако женско лице го нападнало и му одзело пари. Имено синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, И.М.(25) од Скопје пријавил дека околу 19:00 часот на кеј „Димитар Влахов“, едно женско лице со употреба на физичка сила му одзело пари, а потоа едно машко лице му се заканило со остар предмет. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки …
Continue Reading
САД и Грција постигнаа договор за продажба на воена опрема вредна четири милијарди долари
Соединетите Американски Држави и Грција постигнаа договор за продажба на воена опрема вредна четири милијарди долари, со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Атина и продлабочување на билатералната соработка. Договорот беше објавен по шестиот американско-грчки стратешки дијалог, одржан во Атина, на кој учествуваа американскиот државен секретар Марко Рубио и грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис, пренесува Анадолу. Според заедничкото …
Continue Reading
Удирал по возилото и се обидел да ја отвори вратата: сообраќајна расправија во скопски Центар
Во СВР Скопје вчера во 10:30 часот Т.Д.(20) од Скопје пријавил дека на 06.10.2026 околу 17:30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице агресивно се однесувало кон него. Лицето според пријавеното се обидело да му ја отвори вратата и удирало по неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
24-годишна скопјанка претепана од партнерот: ѝ нанел и расекотини
Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена пријавила дека на 04.10.2026 околу 18:00 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Ј.. Тој според полицијата потоа со остар предмет ѝ нанел расекотини. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Continue Reading