(Видео) Левица: Во Македонија има повеќе еколошки жешки точки кои зад себе имаат оставено канцероген отпад
На денешната седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, прифатен беше амандманот на Левица за бришење на член 13 од предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина. Со ова, појаснуваат од партијата, се спречува укинувањето на законската рамка за идентификација, управување и санација на контаминираните подрачја, односно еколошките жешки точки во Македонија. …
Continue Reading
Утре, променливо облачно и постудено
Времето утре, променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен …
Continue Reading
Повеќето Американци мислат дека Трамп профитира користејќи ја функцијата претседател, според последните анкети
Повеќето Американци мислат дека Доналд Трамп профитира користејќи ја својата функција на неетички или нелегален начин и дека е повеќе фокусиран на сопственото богатство отколку на помагање на луѓе како нив, покажува нова анкета на AP-NORC. Бидејќи семејниот бизнис на Трамп носи рекордни пари од нови потфати, поддржани од неговата политика, анкета на агенцијата AP и NORC – Центарот за …
Continue Reading
Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир
Украинскиот пратеник Артем Дмитрук го повика претседателот на Украина, Володимир Зеленски, итно да отпатува во Москва или Минск и да започне директни разговори за прекин на војната. Во порака објавена на неговиот Телеграм канал, Дмитрук оцени дека на Украина не ѝ се потребни нови планови за одмазднички напади, туку политичка одлука што ќе го отвори патот кон мир. Според него, …
Continue Reading
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев влијаеле врз лекарскиот извештај за Михаилова
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изнесе сомневања за можно влијание на поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, врз изготвувањето на лекарскиот извештај за здравствената состојба на Ива Михаилова. Партијата не презентираше докази за нивна директна вмешаност, туку побара надлежните институции да постапат по допрен глас и да отворат истрага за случајот. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на …
Continue Reading
Пукањето во француското училиште можеби било терористички мотивирано, истрагата открива нови детали
Француското антитерористичко обвинителство ја презеде истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј, откако првичните проверки покажале дека 14-годишниот осомничен ученик веројатно бил поврзан со интернет-заедница која велича масовни убиства и екстремно насилство, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил вчера (12 октомври), кога ученик со ловечка пушка ранил двајца наставници. Француското антитерористичко обвинителство денеска соопшти дека го презема случајот од …
Continue Reading
Отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка во Општина Ранковце
Во Општина Ранковце денес беше отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка, со што за првпат на жителите на оваа општина им се овозможува полесен и подостапен пристап до услугите и правата од социјална заштита. На отворањето присуствуваа министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Ранковце, Даниел Павловски и директорката на Центарот …
Continue Reading
Маск го поддржа Трамп во критиките кон Зеленски: „Отиде предалеку“
Американскиот милијардер Илон Маск ги поддржа критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, оценувајќи дека тој „отишол предалеку“ и дека е време Украина да добие ново раководство. Маск реагираше на социјалната мрежа „Икс“, под објава на профилот на Белата куќа „Rapid Response 47“, на кој беше објавено видео од изјава на Трамп. „Зеленски отиде предалеку“, напиша …
Continue Reading
Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка од лични причини
Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски денеска поднесе оставка од функцијата, наведувајќи дека одлуката ја донел од лични причини. Во објавата со која ја соопшти оставката, Андовски се заблагодари на премиерот за укажаната доверба, како и на вицепремиерот Љупчо Димовски за соработката и поддршката. Тој им изрази благодарност и на здравствените работници и соработниците, посочувајќи дека за него било чест и …
Continue Reading