Авион од Франкфурт до Делхи испратил сигнал за можно киднапирање, бил пренасочен

Авионот на Ер Индија на лет од Франкфурт до Делхи денес бил пренасочен кон Џајпур откако го испратил транспондерскиот код 7500. Овој код се користи како сигнал за можно киднапирање или друго нелегално мешање во леталото. Авионот слета безбедно, а сите 306 патници се безбедни. По слетувањето во Џајпур, град во индиската држава Раџастан, авионот бил преместен на посебна локација …

Continue Reading

Киву: Ова е загрижувачки, фрустрирани сме

Интер доживеа шокантен пораз на „Џузепе Меаца“, против Клуб Бриж со 4:3. Тренерот на „нероаѕурите“, Кристијан Киву, призна дека има проблем кога тимот игра во Лигата на шампионите. Минатата сезона, тимот беше елиминиран во осминафиналето од Боде/Глимт. Интер на крајот ја освои двојната круна, но елиминацијата од ЛШ не ја прави сезоната перфектна. „Ова загрижува. Изгубивме седум од последните осум …

Continue Reading

Трифонов: Не верувам дека постои функционер што ќе ја предаде Ива Михаилова, можете само да читате како закрепнува и живее слободно во својата татковина

„Северна Македонија издаде меѓународна потерница по Ива Михајлова, со цел таа да биде вратена во земјата, уапсена и задржана во притвор најмалку 30 дена. Навистина е смешно и патетично токму оние луѓе што не ги почитуваат договорите – кои ги занемаруваат договорите потпишани со Бугарија, го игнорираат Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, го отфрлаат „францускиот предлог“ …

Continue Reading

Папата Лав помина мирна ноќ по операцијата на рак на белите дробови: се чекаат нови наоди

Папата Лав XIV помина мирна ноќ во болница по операцијата на рак на белите дробови, објави денес Ватикан. Повеќе информации за неговата состојба се очекуваат подоцна во текот на денот. На папата вчера му беше дијагностициран аденокарцином, најчестата форма на рак на белите дробови, откако лекарите отстранија мал израсток на неговото десно белодробно крило. Тој беше примен во болницата „Џемели“ …

Continue Reading

Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се најде законски издржано и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница. „Мојот став е јасен. Сè додека не најдеме законско и прифатливо решение за сите …

Continue Reading

Ле Пен: Урсула фон дер Лајен ја изгуби довербата на европските влади

Марин Ле Пен, една од водечките личности на Француското национално собрание и кандидатка за претседател на Франција, изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повеќе не ужива доверба кај многу влади на земјите-членки на Европската унија, доведувајќи го во прашање нејзиниот политички опстанок на чело на извршната власт на ЕУ. „Таа повеќе не ужива доверба кај многу …

Continue Reading

Полскиот шеф на дипломатијата го предупреди Маск: Не играјте политика со вашите производи

ефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, јавно го предупреди американскиот милијардер и сопственик на компанијата „SpaceX“, Илон Маск, по информациите дека украинските сили ограничиле одредени можности за користење на сателитскиот систем „Starlink“, од кој во голема мера зависат воените комуникации и контролата на беспилотните летала. Сикорски му се обрати на Маск преку социјалната мрежа Икс, доведувајќи ја во прашање можноста …

Continue Reading

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 22 октомври, на сцената на Националната опера и балет

На 22 октомври со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на …

Continue Reading

Во рамки на оперативната акција „Чистач“ уапсени три лица од Скопје за уцена и закани: барале 10.000 евра од жител на Делчево

Во рамки на оперативната акција „Чистач“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ, насилен криминал и семејно насилство, во содејство со СВР Штип – ОВР Делчево и СВР Скопје, извршија претреси на две локации и лишија од слобода три лица од Скопје, З.Б.(61), М.Б.(35) и Б.(43). Акцијата е реализирана по оформен предмет во Основното јавно обвинителство …

Continue Reading