Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце, ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите и волонтерите, ја продолжија големата акција за расчистување на Скопје. – Илјадници луѓе повторно ја претворија љубовта кон Скопје во дело. Со засукани ракави и со искрена желба да придонесат, покажаа дека чист и уреден град се создава со труд, со одговорност и со заедништво. На секој што …

Continue Reading

(Видео) Апасиев до Мицкоски: Дали државата ја водите како премиер или како менаџер на фамилијарниот бизнис

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, упати прашање до премиерот Мицкоски. Апасиев побара одговор за можниот судир меѓу, како што рече, приватните економски интереси на премиерските роднини и вршењето на јавната власт. Во фокусот на неговото излагање беше Јорданчо Јанев – Дано, во јавноста веќе познат како баџанак на Мицкоски. Според податоците …

Continue Reading

Филипче иронично: „За гравитацијата? Јас. Врне? Јас“ – Манасиевски возврати: „Ние само прашавме, не обвинивме“

Размената на реакции меѓу лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, продолжи по обвинувањата и прашањата што владејачката партија ги изнесе во врска со случајот на Ива Михаилова. Филипче со иронична објава на социјалната мрежа Икс реагираше на прес-конференцијата на Манасиевски, на која портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ постави прашања за можна поврзаност на Филипче и поранешниот премиер …

Continue Reading

Каде е факелот на Ахмети за Груби: прашуваат од „Вреди“

Казино момчето Артан Груби излезе од куќен притвор, но е далеку од слободен човек, посочуваат од „Вреди“. Според оваа партија, каков пазар да прави, колку и да ги користи старите врски на ДУИ во правосудството, подземните шеми, Груби уште долго ќе мора да се справува со неговите владејачки гревови. „Има обвинение и без разлика колку е спремен Прпарим Бајрами да …

Continue Reading

Македонскиот џез состав „Next to Silence“ ќе одржи концерт во палатата Нимфенбург во Минхен

Македонскиот џез состав Next to Silence на 22 октомври ќе одржи самостоен концерт во палатата Нимфенбург во Минхен, едно од најпознатите барокни зданија во Германија, кое некогаш било резиденција на баварското благородништво. Ова ќе биде прв настап на составот пред германската публика, на кој ќе бидат изведени композиции од двата албума објавени за SJF Records, како и музика од нивниот …

Continue Reading

Посвоените лица да можат да дознаат информации за своето потекло, ЗНАМ предлага законски измени

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ поднесе предлог за изменување и дополнување на Законот за семејството, со кој се предлага решение на постоечката забрана за пристап до сите информации за посвојувањето. „Ние со предлогот уредуваме во кои услови и во кои околности посвоените лица ќе имаат право да добијат информации за своето потекло. Зошто го направивме ова? Со децении, тајност на …

Continue Reading

(Видео) Талески: ВМРО ветуваше земјоделска преродба, а донесе земјоделски пустош

Македонското земјоделство се наоѓа во катастрофална состојба, земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, високи производствени трошоци и неизвесен пласман, а сè повеќе производители се откажуваат од земјоделството, нагласи пратеникот од СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница во образложението на предлог – Законот за финансиска поддршка на земјоделство, што беше поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Талески …

Continue Reading

Минчев: Помалку процедури, повеќе резултати – администрација во служба на граѓаните

Помалку чекање, без непотребно собирање документи и без препраќање од шалтер на шалтер. Тоа е јавната администрација што им е потребна на граѓаните и кон која мора да се движи секоја институционална реформа. Токму затоа, квалитетот на јавните услуги мора да се мери преку она со што граѓаните секојдневно се соочуваат, а не само преку бројот на реализирани активности и …

Continue Reading

Автомобил удрил во бетонски столб во Кичево, тешко повредена жена

Седумдесет и едногодишна жена е тешко повредена, а 75-годишен маж се здобил со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Влашки пат“ во Кичево. До несреќата дошло кога патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (44) од кичевското село Шутово, удрило во бетонски столб од куќа. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката …

Continue Reading