Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на опрема за производство на соларни ќелии, наменети за проектот „Стармајнд“, кој предвидува создавање центри за вештачка интелигенција во Вселената, пренесува „Евроњуз“. По објавувањето на договорот, акциите на германската компанија привремено пораснаа за 65 до 80 проценти. Маск на платформата Икс …

Continue Reading

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му треба психијатриска помош. Во интервју за германското списание „Шпигел“, објавено во средата, Блатер зборуваше за начинот на кој Инфантино ја води ФИФА, а особено ја осуди одлуката за доделување на наградата за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, како и …

Continue Reading

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата на „Њујорк тајмс“. „Внатрешно се дискутираат неколку кандидати, а Гвардиола е примарна цел на неколку нивоа. Шпанскиот специјалист, еден од најдобрите на сите времиња, е без работа откако го напушти Манчестер Сити ова лето по една деценија во клубот“, објави …

Continue Reading

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум месеци. За време на говорот по повод Денот на ветераните на Националните гробишта Арлингтон во Вирџинија, тој порача дека американската војска веќе победила и дека Вашингтон може да одлучи кога ќе заврши конфликтот, пишува „Тајмс оф Израел“. „Возвративме, и тоа …

Continue Reading

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима ваквиот начин на проветрување може да предизвика ладење на ѕидовите и мебелот, додека греењето постојано се обидува да ја надомести изгубената топлина. Експертите препорачуваат кратко и интензивно проветрување наместо долготрајно држење на прозорците подотворени. Се советува истовремено да се отворат …

Continue Reading

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик откако родила дете надвор од брак, што организациите за човекови права го осудија како чин на насилство врз жените. Според наводите, Мутони забременила за време на кратка врска со маж од Египет, кој во меѓувреме ја напуштил земјата, пишува британски …

Continue Reading

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја подобрат финансиската состојба и да пронајдат поголема стабилност во приватниот живот. Бик – По месеци исполнети со пречки и разочарувања, Биковите ги очекуваат можности за напредок на работното место и подобрување на финансиите. Нивниот труд би можел конечно да биде …

Continue Reading

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку не ги прифати принципите на Бадинтеровата комисија за разграничување на копно. Изјавата ја даде на седница на Хрватскиот сабор, одговарајќи на прашање на пратеникот од ХДЗ, Андро Крстуловиќ Опара, за отворените прашања меѓу двете земји. Крстуловиќ Опара предупреди на ставовите …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно. „Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување …

Continue Reading