Двајца возачи приведени во Кичево и Дебар – управувале возила без возачка дозвола

Полициски службеници привеле двајца возачи во Кичево и Дебар, откако при сообраќајни контроли било утврдено дека управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, синоќа (11 ноември) во 21:30 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево бил приведен 34-годишниот З.С. од Кичево. Тој управувал автомобил „голф“ со кичевски регистарски ознаки, а при проверката …

Continue Reading

По 17 години, меѓународни инспектори ќе ја оценуваат усогласеноста на македонското воздухопловство со светските стандарди

На покана на Агенцијата за цивилно воздухопловство, по пауза од 17 години, од вчера, 11.11.2026 година, во Македонија престојува тим на инспектори на ICAO (International Civil Aviation Organization), кој во наредните две недели ќе ја проверува усогласеноста на македонското цивилно воздухопловство со најновите меѓународни стандарди и регулативи. Овој процес, како што соопшти Агенцијата, претставува значајна можност за независно и објективно …

Continue Reading

Премиера на претставата „Црно злато“ во МНТ

Македонскиот народен театар на 27 ноември 2026 година, со почеток во 20.00 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски. Претпремиерната изведба е закажана за 26 ноември. Во актерската екипа играат: Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски. Авторскиот тим …

Continue Reading

Две маси, две реалности – уметничка акција за разликите меѓу студентскиот и пратеничкиот стандард

Со две поставени маси за ручек – една студентска и една пратеничка, Центарот за современи уметности (ЦАЦ) преку уметничката акција „Општествени контрасти“ го привлече вниманието кон проблемите со студентскиот стандард и разликите во цените на оброците за студентите и пратениците. На студентската маса се поставени леб, конзерва туна и кромид, како симбол на ограничените можности што ги нуди субвенционираниот студентски …

Continue Reading

ПСВ сака да го потпише Де Брујне

ПСВ Ајндховен ќе се обиде да го потпише Кевин Де Брујне за време на јануарскиот преоден рок, според холандските медиуми. Фудбалерот од средниот ред на Наполи, кој сега има 35 години, има договор со италијанскиот клуб до летото 2027 година. Пред неколку дена, во Англија се појави информација дека Евертон е заинтересиран за него. ПСВ ги контактираше претставниците на играчот …

Continue Reading

Метео најава: Утре силен ветер и температури над просекот за овој период од годината

УХМР за утре најави силен ветер кој ќе достигне до 80 километри на час. „Под влијание на јужно воздушно струење утре наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината“, информира УХМР. Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со …

Continue Reading

(Видео) СДСМ поднесе кривична пријава против Славески за Алта банка

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески за Алта банка и бараме Обвинителството веднаш да постапи, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. „Организираната криминална група на Мицкоски, панично ја штити банката на Вучиќ. Сакаат да го заташкаат скандалот со внесувањето на Алта банка во Македонија, да се спасат од одговорност, да сокријат сметки, трансакции, потекло на капитал… Нема …

Continue Reading

Општина Илинден и оваа година со финансиска поддршка за најуспешните спортисти

Општина Илинден и во 2026 година ја продолжува традицијата на поддршка и наградување на успешните спортисти кои живеат на нејзина територија, преку доделување еднократна финансиска помош за постигнати значајни спортски резултати. Решенијата за финансиска поддршка ги врачи градоначалникот Александар Георгиевски, кој истакна дека Општината останува посветена на развојот на спортот, препознавањето на спортските таленти и создавањето подобри услови за постигнување …

Continue Reading

Драматичен апел на Зеленски: Ни го забавија „Старшилд“; им помагаат на Русите да нè убиваат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските единици веќе неколку дена се соочуваат со сериозни пречки во функционирањето на воениот сателитски систем „Старшилд“ над украинска територија – долж целата линија на фронтот и во привремено окупираните области. Зеленски го соопшти ова откако доби извештаи од министерот за одбрана Јевен Хмара и од главниот командант на вооружените сили на Украина, …

Continue Reading