САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“
Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот Владимир Путин, велејќи дека сака да ги види американските разузнавачки информации за инцидентот. „Не е јасно дали ова всушност се случило“, изјави Витакер за „Фокс Бизнис“, за инцидентот, што Украина го негираше. „Се чини малку несоодветно да се биде толку …
Continue Reading
Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра
Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, за можни прекршувања на санкциите. Овој потег доаѓа откако Усманов се согласи да плати 10 милиони евра на државните органи. Милијардерот и магнат за метали роден во Узбекистан, кој беше реизбран за претседател на Меѓународната федерација за мечување минатата година, …
Continue Reading
Две африкански земји објавија забрана за влез за Американци
Мали и Буркина Фасо објавија дека ќе им забранат на американските граѓани влез во нивните земји како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им забрани на граѓаните на Мали и Буркина Фасо влез во Соединетите Американски Држави. Одлуките беа објавени вчера во одделни изјави од министрите за надворешни работи на двете западноафрикански земји и претставуваат ново заострување …
Continue Reading
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување …
Continue Reading
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР. Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен …
Continue Reading
(Видео) Лидерот Арсенал со покер голови ја честеше Астон Вила, Јунајтед се изрезилија против најлошиот тим во лигата
Фудбалерите на Арсенал, во дербито на 19-то коло ја победија Астон Вила со 4:1. „Топџиите“ ја прекинаа неверојатната серија на Астон Вила, од 11 победи во сите натпреварувања, осум од ив забелеани во Премиер лигата. Во истиот термин, Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако одиграа 1:1 со најлошиот тим во лигата, Вулверхемптон. Арсенал продолжува да доминира во …
Continue Reading
(Видео) Борнмут освои бод кај Челзи, Евертон победи во Нотингем
Челзи не успеа да го победи Борнмут во 19-то коло, во Премиер лигата. Во терминот од 20.30 часот, Вест Хем повторно не успеа да победи, одигра 2:2 со Брајтон, Евертон триумфираше во Нотингем со 2:0, а Њукасл победи кај Барнли 3:1. Одличен натпревар на „Стемфорд Бриџ“ одиграа Челзи и Борнмут, заврши без победник 2:2. Сите четири гола беа постигнати во …
Continue Reading
Руски портал: Напад врз резиденцијата на Путин би бил можен само со чудо
Американскиот институт за проучување на војната (ISW) денес објави дополнителни информации за наводниот напад врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин, повикувајќи се на истрага од рускиот опозициски портал „Сота“. Според „Сота“, жителите на Валдај не го слушнале дејството на воздушната одбрана во ноќта помеѓу 28 и 29 декември, иако руските власти тврдеа дека биле соборени до 91 украински беспилотни …
Continue Reading
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода. Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Continue Reading