Грчките земјоделци продолжуваат со блокади на граничните премини
Грчките земјоделци од денеска повторно ќе ги блокираат граничните премини со Македонија, по неколку денови пауза заради новогодишните празници. Преминот Евзони ќе биде целосно затворен за влез и излез на сите видови возила во периодот од 17 до 21 часот по македонско време. Како што пишуваат грчките медиуми, претставници на земјоделците од цела Грција денеска напладне ќе се сретнат во …
Continue Reading
Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран Монтана, меѓу нив е и детето од Македонија по кое се трагаше
Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти локалната полиција. Младиот Стивен Ивановски (16), по кој се трагаше по пожарот во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана е идентификуван како загинат. Меѓу идентификуваните се осум млади лица на возраст меѓу 16 и 24 години кои живееле во Швајцарија. Италијанските медиуми …
Continue Reading
Мицкоски денес пак ќе отвора нова градинка
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Сопиште ќе присуствува на отворање на градинка во која има ќе има можност за згрижување на 84 дечиња. Градинката „Сонце“, како што информира владината прес-служба, се наоѓа на локација која одговара за жителите од Долно и Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци. Во неа се предвидени јасли за згрижување на дечиња до двегодишна возраст, како …
Continue Reading
(Видео) Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк
Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан во притворниот центар во Бруклин. Според официјални лица на кои се повикуваат медиумите, се очекува тој првично утре да се појави пред федералниот суд на Менхетен. Би-би-си пренесува дека Мадуро прво пристигнал во воена база во САД од каде со …
Continue Reading
Над 16.000 сообраќајки за четири години во државава
Со повеќе од 17.000 сообраќајни незгоди и над 27.000 настрадани лица за четири години, државната статистика покажува дека Македонија има континуиран раст на опасности во сообраќајот. Во овој контекст, стартува и најобемниот систем за автоматска контрола на сообраќајот – „Безбеден град“, кој уште во тест-периодот регистрира десетици илјади прекршоци дневно, отворајќи прашање дали напредната технологија може да го прекине растечкиот …
Continue Reading
Утринските температури во цела држава над нула
Минималните температури денеска се над нулата во цела држава. Најладно е во Гевгелија каде утрово се измерени два степена, а најтопло во Битола каде утринската температура е 12 степени. За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд и наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени.
Continue Reading
Македонска премиера на филмот „Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска
За денеска е закажана македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ од режисерката Тамара Котевска. Премиерата на македонскиот кандидат за Оскар ќе се одржи во Македонскиот народен театар од 20:30 часот. На премиерата пред домашната публика, најавено е присуство на целата филмска екипа која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија. Доказ за тоа се наградите …
Continue Reading
Родригез: Мадуро е „единствениот претседател на Венецуела“
Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, говорејќи на државната телевизија на шпански јазик, ги повтори повиците за ослободување на Мадуро и неговата сопруга. Таа повика на смиреност и единство за одбрана на земјата во контекст на, како што рече, „киднапирањето“ на Мадуро и порача дека Венецуела никогаш нема да биде колонија на ниту една нација. Родригез зборуваше од Каракас заедно со …
Continue Reading
Облачно со локален дожд
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од …
Continue Reading