Фирма од Велес оштетена за над 21.000 евра преку фалсификувана електронска фактура
На 3 февруари 2026 година, во 07:15 часот, 60-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека фирмата каде што работи е оштетена за 21.111 евра. Според пријавата, компанијата извршила уплата на средства врз основа на фактура испратена од деловен партнер. Но, по добиена порака преку електронска пошта дека уплатата не била реализирана, фирмата стапила во контакт со банката и …
Continue Reading
Кражба на телефони прерасна во тепачка, тројца уапсени во Тетово
Два поврзани инциденти во текот на истата вечер резултираа со три приведени лица на улицата „Илинденска“ во Тетово. На 3 февруари, околу 18:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Т. (57) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“. Тој е осомничен дека одзел мобилни телефони од продажен објект. Само неколку часа подоцна, во …
Continue Reading
16-годишна тинејџерка и 17-годишник меѓу уапсените во полициска акција за дрога
Во полициска акција на 3 и 4 февруари, полицајци од СВР Скопје на различни локации во главниот град привеле осум лица, осомничени за поседување на недозволени супстанции. Приведени се А.Л. (24), А.А. (32), А.А. (38), Д.И. (18), А.М. (35), 17-годишно момче, 16-годишна малолетничка — сите од Скопје, како и А.К. (45) од селото Морани, општина Студеничани. При претрес, полицијата кај …
Continue Reading
Во Иран, жените добија дозвола да возат мотоцикли и скутери
Првиот потпретседател на Иран, Мохамад Реза Ареф, ја потпиша резолуцијата, која беше одобрена од Советот на министри на крајот на јануари, а со која на жените им се дава дозвола за возење мотоцикли и скутери. Жените во Иран сега можат формално да добијат возачка дозвола за мотоцикли и скутери, објавува агенцијата „Илна“, со што се завршува долгогодишната правна несигурност околу …
Continue Reading
Заменичката на Калас: Европската Унија веќе е во војна со Русија
Европската Унија веќе е во состојба на конфликт со Русија, иако овој конфликт не вклучува директна воена мобилизација на граѓаните и испраќање војници на фронтот, според мислењето на високи функционери на нејзината дипломатска служба. Како што изјави заменик-шефицата на дипломатската служба на Европската Унија, Белен Мартинез Карбонел, во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, „факт е дека веќе сме во …
Continue Reading
Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца
Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си. Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот …
Continue Reading
СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев. „Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. …
Continue Reading
Граѓаните на ЕУ загрижени и песимистички настроени, сакаат пообединета и посилна Унија, според последните анкети
Граѓаните на Европската Унија се сè повеќе загрижени за безбедноста поради зголемените геополитички тензии и сакаат Унијата да дејствува обединето и амбициозно, според објавената анкета на Евробарометар. Повеќето граѓани се загрижени за конфликтите во близина на ЕУ (72 проценти), проследени од тероризмот (67 проценти), сајбер нападите од земји надвор од ЕУ (66), природните катастрофи влошени од климатските промени (66) и …
Continue Reading
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè …
Continue Reading