Кетрин Зета-Џонс му поставила услов на Мајкл Даглас на почетокот на врската, морал да им се јави на пет жени
Мајкл Даглас откри дека на почетокот на врската со Кетрин Зета-Џонс морал да престане да се гледа со пет други жени, откако актерката му поставила јасен услов доколку сака да бидат заедно. Осумдесет и двегодишниот актер раскажал за тоа во емисијата „The Graham Norton Show“, а повеќе детали открил и во своите нови мемоари „One Helluva Ride“, пренесува „Пејџ сикс“. …
Continue Reading
Криста Пајк првпат проговори по неуспешното погубување, вели дека постојано чувствува болка
Американската затвореничка осудена на смрт, Криста Пајк, ја објави својата прва јавна изјава по неуспешниот обид за извршување на смртната казна во септември. „Од таа ноќ не поминал ниту еден момент без да чувствувам болка“, наведе таа во изјавата што нејзиниот правен тим ја објави во петокот на социјалните мрежи. „Ме боли целото тело. Ме болат рацете. Ме болат дланките. …
Continue Reading
Обвинетите за убиството на Данка Илиќ негираа вина, адвокатите тврдат дека нема материјални докази
Подготвителното рочиште во судскиот процес за убиството на двегодишната Данка Илиќ се одржа денеска пред Вишиот суд, со што во Србија официјално започна судската постапка што српската јавност ја очекува повеќе од две години. Иако поранешните работници на јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, седнаа на обвинителната клупа, најголемата мистерија во случајот – каде се …
Continue Reading
Меркел сака Германија за првпат во историјата да добие жена претседател
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се заложи Германија за првпат во својата историја да добие жена на претседателската функција, откако на актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во март следната година ќе му истече вториот петгодишен мандат. „Во 77-годишната историја на Сојузна Република Германија никогаш не сме имале претседателка“, изјави Меркел во интервју за „Магента ТВ“, додавајќи дека е време да се …
Continue Reading
Зеленски е подготвен директно да разговара со Путин за територијалните прашања
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за територијалните прашања со цел да се стави крај на војната, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, пренесува „Киев пост“. Во интервју за финскиот весник „Хелсингин Саномат“, Сибиха потврди дека Киев го координирал телефонскиот разговор меѓу Путин, финскиот претседател Александер Стуб и норвешкиот премиер …
Continue Reading
(Видео) Поради изненадување на Трамп за Ноќта на вештерките, доцнеле повеќе од 200 летови во Вашингтон
Прелет на претседателскиот авион над Белата куќа, организиран како изненадување за децата на прославата на Ноќта на вештерките, предизвика доцнење на десетици летови и вознемиреност кај жителите на Вашингтон, пренесува Ројтерс. Авионот, кој ја носи ознаката „Ер форс уан“ кога во него патува американскиот претседател Доналд Трамп, синоќа двапати прелетал ниско над Белата куќа и околните населби. Поради тоа, Федералната …
Continue Reading
Димитриеска-Кочоска: Стабилни јавни финансии, повеќе инвестиции и подобар животен стандард – приоритети на Буџетот за 2027 година
Стабилни и одржливи јавни финансии, продолжување со постепената фискална консолидација, создавање услови за економски раст и инвестиции, редовна и навремена исплата и раст на платите и пензиите, повеќе средства за здравствена заштита, социјални надоместоци и слично. Ова се основните цели на Предлог-буџетот за 2027 година, којшто денеска го усвои Владата, а пред јавноста на прес-конференција го презентираше министерката за финансии …
Continue Reading
Јаневска по посетата на „Стив Наумов“: Сè што треба да се поправи ќе се поправи, но не е точно дека се рушат ѕидови и протекуваат покриви
Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лошите услови во студентскиот дом „Стив Наумов“, посочувајќи дека студентите престојуваат во современ и реновиран објект, а евентуалните технички недостатоци ќе бидат отстранети навремено од изведувачот, со оглед дека објектот е под гарантен рок. Јаневска денеска изврши непосреден увид во домот, откако претходно беа поканети медиумите, но …
Continue Reading
Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење
Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Тетово и Апелациониот суд Гостивар за случајот со модуларната болница во Тетово и го врати предметот на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд. Одлуката била донесена на седница на Советот за казниви дела на 22 октомври, откако судот ги уважил барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осудените преку …
Continue Reading