Стармер: Договор со Иран е најдобриот пат напред

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека договор со Иран е најдобриот пат напред за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, пренесе „Гардијан“. Тој нагласи дека Велика Британија прави „сѐ што може“ за да се смири ситуацијата и ја бранеше одлуката земјата да не се приклучи на првичните американски и израелски напади врз Иран. „Долгогодишниот став на Британија е дека најдобриот …

Continue Reading

Иран: Не бараме прекин на огнот и нема да преговараме со САД

Иран не бара прекин на огнот и не гледа причина да преговара со САД, изјави високиот ирански дипломат Абас Арагчи во интервју во живо за американската телевизија „Ен-би-си“. Арагчи, исто така, нагласи дека Иран не го затворил Ормутскиот теснец, се додава. „Не гледаме никаква причина да преговараме со САД“, рече тој. „Преговаравме со нив двапати и двата пати нè нападнаа …

Continue Reading

Македонски државјани евакуирани од Израел, со владиниот авион тргнаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

Евакуирани се македонски државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје, информира министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Како што посочи, Министерството целосно го координирало процесот на евакуација, кој барал сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции. Муцунски информираше и дека е …

Continue Reading

Трамп сака да учествува во изборот на нов ајатолах во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да бидат вклучени во изборот на новиот врховен лидер на Иран, по убиството на Али Хамнеи во американско-израелските напади, објави „Аксиос“. Иранските власти во меѓувреме најавуваат дека наскоро може да биде објавено името на неговиот наследник, а како главен кандидат се споменува неговиот син Мојтаба Хамнеи. Трамп во разговор за „Аксиос“ изјави …

Continue Reading

Ердоган го повика Макрон на посилна одбранбена соработка во рамките на НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговор со својот француски колега Емануел Макрон за односите меѓу Турција и Франција, како и за регионалните конфликти и глобалните прашања. Во разговорот, Ердоган изрази загриженост дека продолжениот конфликт во Иран би можел да стане извор на нестабилност за целиот регион и светот. Тој нагласи дека Турција вложува напори во процесот на преговори …

Continue Reading

Трамп: Имаме многу победници, но Шпанија е губитник

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно остро ги критикуваше Шпанија и Обединетото Кралство. „Имаме многу победници, но Шпанија е губитник, а Обединетото Кралство ме разочара многу. Шпанија е многу непријателски настроена кон НАТО“, рече Трамп во телефонско интервју за Њујорк пост. „Тие не го плаќаат својот дел. Тие беа единствените што гласаа против обврската за издвојување на 5 проценти и …

Continue Reading

Собранието ги изгласа измените на законите за градење и градежно земјиште

На предлог на Министерството за транспорт, пратениците во Собранието денеска ги изгласаа измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште. Од Министерството соопштија дека со измените се поттикнува економскиот развој на државата и општините, се овозможуваат поквалитетни услуги за граѓаните и порационално користење на јавните добра. Со измените на Законот за градежно земјиште, за првпат се овозможува јасен …

Continue Reading

Лавров: НАТО се вовлекува во војната што САД и Израел ја почнаа против Иран

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека војната што Западот ја води против Русија повеќе не е хибридна, туку директна и жешка, пренесе ТАСС. Според него, целта на конфликтот преку Украина е да се ослаби Русија и да ѝ се нанесе стратешки пораз. „Целта на војната против Русија, која Западот ја подготви и на крајот ја започна преку …

Continue Reading

Белата куќа: Ако е потребно, американската морнарица ќе ги придружува танкерите низ Ормутскиот теснец

Американската морнарица ќе ги придружува танкерите низ Ормутскиот теснец доколку тоа биде потребно, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, а информацијата ја потврди и портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Мерката доаѓа по заканите на иранската Револуционерна гарда, која соопшти дека Ормутскиот теснец го смета за затворен за време на војната и се закани со напади врз бродови што минуваат низ …

Continue Reading