(Видео) На „Тик-Ток“ ги споредуваат песните: мелодија од новата песна на Хари Стајлс потсетува на „Лутка“ на С.А.Р.С.
На социјалните мрежи се прошири вирална теорија дека Хари Стајлс во својата нова песна „Paint By Numbers“ користел дел од мелодијата од познатата регионална песна „Лутка“ на бендот С.А.Р.С.. Корисници на ТикТок објавуваат видеа во кои ги споредуваат двете песни и тврдат дека звучат слично, што предизвика бројни реакции меѓу фановите. @kdlolt 👀#harrystyles #sars #kissallthetimedicsooccasionally #molim #kajeovofrende ♬ Welcome To …
Continue Reading
Иран се извини за нападите врз соседните земји и најави прекин
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска им се извини на соседните земји кои беа нападнати и порача дека Иран нема да ги напаѓа освен ако тие први не го нападнат. „Немаме намера да извршуваме инвазија врз соседните земји“, рече тој во видео-порака на иранската државна телевизија и повика на регионална соработка за воспоставување мир. Пезешкијан соопшти дека Иранскиот преоден совет, тело …
Continue Reading
„Емирати“ повторно ги активира летовите од Дубаи по привремената суспензија
Авиокомпанијата „Емирати“ соопшти дека повторно ги активира летовите откако претходно денеска привремено ги суспендираше сите операции и ги повика патниците да не доаѓаат на аеродромот. Во новото соопштение компанијата наведува дека операциите постепено се обновуваат и дека патниците со потврдени резервации за денешните попладневни летови можат да дојдат на аеродром. „Нашата објава од 11:08 часот по време во Дубаи за …
Continue Reading
Се огласи поранешниот сопруг на Бритни Спирс по нејзиното апсење
Сам Асгари, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, го коментираше нејзиното неодамнешно апсење поради возење под дејство на алкохол и дрога, изјавувајќи дека секој може да направи грешка. Гостувајќи на „Фокс њуз“, Асгари најпрво рече дека е фокусиран на ситуацијата во Иран, но додаде: „Кога станува збор за тоа дека луѓето грешат, тоа го разбирам. Мислам дека секој заслужува приватност. Се …
Continue Reading
Викендот носи неочекуван пресврт за четири хороскопски знаци
За некои хороскопски знаци викендот на 7 и 8 март може да донесе неочекувани пресврти, средби или вести што ќе им ги променат плановите. Според астролошките толкувања, најголеми изненадувања ги очекуваат четири знаци. Близнаци – можно е да добијат неочекувана порака или да се сретнат со личност која одамна не ја виделе, што може да отвори нов разговор или повторно …
Continue Reading
Авиокомпанијата „Емирати“ ги прекина летовите за Дубаи, патниците да не доаѓаат на аеродром
Авиокомпанијата „Емирати“ соопшти дека сите летови кон и од Дубаи се суспендирани до понатамошно известување и ги повика патниците да не доаѓаат на аеродромот. Од компанијата наведоа дека нови информации ќе бидат објавени кога ќе бидат достапни и им се заблагодарија на патниците за разбирањето и трпението. „Безбедноста на нашите патници и екипажот е наш највисок приоритет и нема да …
Continue Reading
Иранскиот претседател: Никогаш нема да се предадеме
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран никогаш нема да се предаде, додека судирите со Израел продолжуваат со размена на напади, а иранската војска возвраќа со удари и кон неколку земји од Персискиот Залив. Пезешкијан се огласи помалку од еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп порача дека неговата администрација нема да преговара со Техеран без, како што рече, …
Continue Reading
(Видео) Експлозии на аеродромот во Техеран
На аеродромот во Техеран се слушнале експлозии и избувнал пожар по израелските напади. Иранската полуофицијална агенција „Мехр“ објави снимки кои прикажуваат штета во Техеран во раните утрински часови во саботата, откако Израел започна обемен бран напади, а според наводите на „Мехр“ погоден бил и градскиот аеродром. Претходно беа објавени драматични снимки од пламен и експлозии на аеродромот Мехрабад во Техеран, …
Continue Reading
Силни торнада во САД: загинаа четири лица, уништени домови и стотици без струја
Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во силни торнада и бури што го погодија јужниот дел на американската држава Мичиген, соопштија локалните власти. Снимки објавени на социјалните мрежи од градовите Три Риверс и Јунион Сити покажуваат силен ветер кој крева покриви од згради и носи остатоци во воздух. 🚨 WATCH: Massive Tornado in Union City, Michigan. …
Continue Reading