Приведен скопјанец: ја следел, фотографирал и вознемирувал жена со месеци

Полициски службеници привеле 57-годишен маж од Скопје по пријава за следење и вознемирување на жена. Како што информира МВР, на 7 март 2026 година во 06:30 часот бил лишен од слобода С.Д. (57) од Скопје. Тој бил приведен по претходна пријава од 51-годишна жена од Скопје, која пријавила дека во периодот од јануари 2026 година до сега се однесувал агресивно …

Continue Reading

Санчез: Шпанија не е сама, го браниме меѓународното право

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, повторно го изрази противењето на војната и нагласи дека Шпанија е меѓу земјите што го бранат меѓународното право и човековите права, јави агенцијата „Анадолија“. Говорејќи на предизборен митинг, Санчез ги отфрли критиките на опозициските партии дека ставот на Мадрид ја изолирал земјата. „Можеби слушнавте дека Шпанија е сама. Истото го велеа и кога ја признавме државата …

Continue Reading

Куба на раб на колапс под притисок од САД: „Не можеме повеќе да издржиме“

Куба се соочува со тешка економска и енергетска криза под засилен притисок од Соединетите Американски Држави, пренесува Си-Ен-Ен. Еден жител на Хавана за медиумот изјавил дека луѓето повеќе не можат да издржат и дека многумина не можат да ги прехранат своите семејства. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Куба наскоро ќе падне“, додека неговата администрација дополнително го засилува притисокот врз …

Continue Reading

САД почнаа да користат британски бази за операции против Иран

Соединетите Американски Држави почнале да користат британски воени бази за одредени операции против Иран, соопшти британската влада. Британското Министерство за одбрана наведе дека станува збор за „одредени одбранбени операции“ со цел да се спречи Иран да лансира ракети во регионот. Велика Британија првично одби да учествува во американско-израелската војна против Иран, но подоцна се согласи САД да користат две воени …

Continue Reading

Двајца повредени во сообраќајка кај демирхисарско, возачот имал 1,66 промили алкохол

Двајца млади од Битола се повредени откако патничко возило „мини купер“ излетало од патот во близина на селото Велмевци, демирхисарско. Како што информира МВР, на 7 март 2026 година во 07:27 часот во СВР Битола било пријавено дека возилото со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (25) од Битола, излетало од патот. Во сообраќајната незгода со повреди се здобиле возачот …

Continue Reading

СДСМ ќе поднесе предлог до Собранието за помош на производителите на зелка

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци производители на зимска зелка, во валандовско Јосифово, порача дека СДСМ во наредниот период ќе предложи предлог во Собранието за надминување на проблемот со откупот на зимската зелка. „Свесни сме дека оваа власт нема да има слух да им помогне на овие земјоделци, како што немаше слух за …

Continue Reading

Иранскиот претседател: Гаѓавме американски бази, не пријателски и соседни земји

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, повтори дека Техеран „не ги нападнал пријателските и соседните земји, туку ги гаѓал американските воени бази, постројки и објекти во регионот“. Ова следува по претходно снимена порака во која им се извини на соседните држави од Персискиот Залив и изјави дека привременото раководство на Иран одобрило прекин на нападите или ракетните удари врз нив, освен ако …

Continue Reading

Демократски сојуз: Софија се плаши од успехот на Менкиноски во Стразбур

Демократскиот сојуз го осуди потегот на властите во Софија да му изречат десетгодишна забрана за влез во Бугарија на адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува здруженијата на Македонците од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Од партијата оценуваат дека станува збор за чин без преседан во земја членка на Европската унија, со кој, како што наведуваат, се …

Continue Reading

Приведен тетовец: со сопругата насилно влегле во канцеларија во градинка и нападнал вработена

Полициски службеници од СВР Тетово привеле 38-годишен маж од Тетово поради сомнение дека физички нападнал вработена во детска градинка. Како што информира МВР, на 6 март околу 15:00 часот во Тетово бил приведен Ф.З. (38), кој претходно заедно со својата сопруга со употреба на сила влегол во канцеларијата на З.Н. (45) од село Фалише, тетовско, вработена во детската градинка „Младост“. …

Continue Reading