Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција. Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова од Брисел: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински и рамноправен

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел учествуваше на Самитот за проширувањето на Европската Унија, во организација на „Јуроњуз“(Euronews). Сиљановска-Давкова потсети на мислењето на Бадинтеровата комисија од 1992 година, со кое беше утврдено дека Словенија и Македонија ги исполнуваат условите за меѓународно признавање, особено во поглед на уставното уредување и заштитата на човековите и малцинските права. Според неа, по повеќе од …

Continue Reading

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО (Група држави против корупцијата) при Советот на Европа, кој од 2 до 6 ноември 2026 година престојува во земјава. Посетата се реализира во рамки на шестиот евалуациски круг на ГРЕКО, кој е посветен на спречувањето на корупцијата и промовирањето на интегритетот на локално ниво. Во рамки на евалуацискиот процес, експертскиот …

Continue Reading

Гаши на проштална средба со Вал: ОБСЕ е важен партнер во процесот на јакнење на демократијата, владеењето на правото и инклузивното општество

Денес, Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Гаши се заблагодари за досегашната соработка и личниот придонес на амбасадорот во унапредувањето на односите меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Тој истакна дека ОБСЕ, преку своето долгогодишно присутност во Северна Македонија, е важен …

Continue Reading

Татко и се заканувал на 21-годишната ќерка

Синоќа во 19:55 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.К.(49) од Свети Николе. Полицијата постапила по претходна пријава дека по кратка расправија во семејниот дом, тој и се заканувал на неговата 21-годишна ќерка. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Им нудел помош за да им извади пари од банкомат па им крадел дел од сумата: приведен маж од Кумановско

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 10:30 часот, го привеле М.З.(50) од село Пчиња, кумановско. Тој бил забележан пред банка на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово при извршување на кривично дело „затајување“, односно на оштетените граѓани им нудел помош за да им извади пари од банкомат, но искористувајќи го нивното невнимание тој земал дел од парите. По целосно …

Continue Reading

Поранешниот директор на „Лотарија“ ослободен од притвор, Судот ја прифати гаранцијата од 1,1 милиони евра

Поранешниот директор на „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами, излегува од притвор откако Судот ја прифати неговата гаранцијата во износ од 1.140.781 евра, во недвижен имот „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на П.Б., првообвинет во предметот со К.бр.1494/26, познат во јавноста како „Лотарија“, поднесен на 14.10.2026 година за замена на мерката притвор со гаранција, донесе …

Continue Reading

22-годишен скопјанец ја претепал вонбрачната партнерка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.А.(22) од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“. Имено, на 18.07.2026 во семејниот дом во село во општина Маврово и Ростуше, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка.

Continue Reading

18-годишник претепан во двор од средно училиште во Ѓорче Петров, му биле упатени и закани

Вчера во 13:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје, во присуство на родител, извршија службен разговор со 17-годишник од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава дека во двор од средно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров физички го нападнал О.А.(18) од Скопје. Потоа заедно со неговите другари му упатиле и закани. По целосно документирање на …

Continue Reading