Поранешен украински генерал: Копнената инвазија на САД врз Иран би била воена катастрофа

Евентуална копнена инвазија на САД врз Иран би завршила со воена катастрофа за Соединетите Американски Држави, бидејќи модерните технологии и стратегиите за исцрпување го прават присуството на копнени трупи во такви конфликти речиси невозможно. Ова го оцени во статија за британскиот „Телеграф“ Валериј Залужни, поранешен врховен командант на украинските вооружени сили и моментално амбасадор на земјата во Обединетото Кралство. Залужни …

Continue Reading

Kомичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ на сцената на Националната опера и балет на 3 април

На 3 април 2026 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – едно од најпознатите и најомилените дела од оперскиот репертоар, кое со својата духовитост, динамика и препознатливи музички моменти со децении ја воодушевува публиката. Изведбата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, режијата е …

Continue Reading

Хрватска се соочува со недостиг на гориво

Во последните денови, Хрватска се соочува со недостиг на гориво, а едната од двете пумпи во Удбина е затворена, додека другата, во сопственост на ИНА, работи само до 13 часот. На пумпата, која е затворена, пиштолите за гориво се заклучени со катанци и завиткани во пластични кеси. Сопственикот на пумпата, Амир Велаџиќ, тврди дека оваа одлука била неизбежна. „Ја донесовме …

Continue Reading

Портпарол на иранската војска: Еј Трамп, отпуштен си

Воениот портпарол на Иран, Ебрахим Золфагари, му испрати порака на американскиот претседател Доналд Трамп. „Еј Трамп, отпуштен си. Позната ти е таа реченица. Благодарам за вниманието“, рече Золфагари на англиски јазик. Золфагари е портпарол на Централниот штаб на Хатам ал-Анби, заедничката воена команда на Иран задолжена за координирање на операциите меѓу Корпусот на Исламската револуционерна гарда и редовните вооружени сили. …

Continue Reading

Овој хороскопски знак носи најголема тага во себе, но секогаш се смее најгласно

Сите мислат дека му е лесно бидејќи секогаш е прв што се смее, но тој носи најголема тага во себе. Никој не знае што го мачи кога е сам со своите мисли. Кога ќе влезете во преполна просторија, веднаш ќе го забележите. Тој зборува најгласно, гестикулира, прави шеги на своја сметка и ја прави целата група да се смее до …

Continue Reading

Рутe: НАТО не може да ги потврди тврдењата дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон

НАТО не може да ги потврди тврдењата на Израел дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во телевизиско интервју. Предупредувањето на Израел следеше по иранскиот напад врз британско-американската воена база „Диего Гарсија“ во петокот вечерта, кој, иако неуспешен, покажа дека Техеран има ракетен дострел што претходно …

Continue Reading

Утре започнува Конференцијата на високо ниво за централното банкарство во услови на светски промени

Утре, Народната банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), ја организира Конференцијата на високо ниво на тема: „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“, којашто ќе се одржи на 24 март во Скопје. Настанот претставува уникатна можност за продлабочување на меѓународната соработка …

Continue Reading

„Спиралата на поскапувања е активирана, без намалување на ДДВ на храната цените ќе продолжат да растат“, велат од СДСМ

„Ценовната спирала веќе е активирана. Зголемувањето на цените на горивата директно ги повлече нагоре и цените на основните прехранбени производи, а граѓаните секојдневно го чувствуваат тоа на својот семеен буџет“, велат од СДСМ. „Веќе маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, а цените на овошјето и зеленчукот надминуваат 100 денари за килограм. Ова е само почеток …

Continue Reading

Дмитриев: ЕУ е последна на ред за руските енергетски компании

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев изјави дека ЕУ е на крајот од редот за руските производители на енергија. „ЕУ е на крајот од редот“, напиша Дмитриев на платформата Икс. Дмитриев во неделата изјави дека знае според кое сценарио ќе се развива енергетската …

Continue Reading