Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Муцунски: Најголемиот верски празник – Велигден заедно со македонската дијаспора во САД

ММинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави го одбележал најголемиот христијански празник – Велигден. „Попладнево, заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави, го одбележавме најголемиот христијански празник – Велигден, празник на надежта, верата и заедништвото“, напиша Муцунски. Тој информираше дека заедно со …

Continue Reading

„ВМРО останува без сојузник во ЕУ“ – реакција на СДСМ по падот на Орбан

Опозициската СДСМ реагира по изборите во Унгарија, оценувајќи дека граѓаните избрале европски курс наместо, како што наведуваат, автократија. „Унгарија ја избра Европа наместо Русија. Граѓаните јасно и гласно рекоа: доста е автократија“, стои во соопштението. Од партијата посочуваат дека по 16 години владеење, паднал режимот на Виктор Орбан, а победата на Петер Маѓар ја оценуваат како „победа на демократијата над …

Continue Reading

(Видео) Oгномет, музика и знамиња: Унгарија ја слави победата на Маѓар

Будимпешта се претвори во зона на славје по изборниот пораз на Виктор Орбан. Илјадници луѓе танцуваа по улиците, автомобилите свиреа, а поддржувачите на партијата Тиса ја славеа убедливата победа. Изборите со рекордна излезност од околу 80 проценти ја завршија 16-годишната власт на Орбан. За многумина, тоа значи враќање кон европскиoт курс. Every street in central Budapest looks like this right …

Continue Reading

По победата на Маѓар, ЕУ може да ѝ отвори милијарди на Унгарија

Убедливата победа на Петер Маѓар ѝ дава силен мандат на неговата партија Тиса за спроведување реформи и можност за одмрзнување милијарди евра од Европска Унија, пренесува Ројтерс. Аналитичарите оценуваат дека очекуваното двотретинско мнозинство е најповолен исход за ЕУ и пазарите, кои веќе сигнализираат доверба и можен економски раст. Сепак, постои претпазливост – новата власт ќе мора да ги исполни ветувањата, …

Continue Reading

Сончево, но ветровито: Налети над 60 км на час долж Повардарието

Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе се движи во интервал од 15 до 21 степен. Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерена облачност, проследено со умерен до засилен …

Continue Reading

Туск му честиташе на Маѓар: „Посреќен сум дури и од тебе!“

Полскиот премиер Доналд Туск објави на социјалните мрежи дел од телефонски разговор со Петер Маѓар, лидерот на унгарската партија Тиса. Туск му се јавил на Маѓар од Сеул за да му честита за изборниот успех. „Добредојдовте назад во Европа“, напиша тој покрај објавеното видео. „Петер, поздрав! Искрено се радувам, можеби дури и повеќе од тебе“, му порача полскиот премиер на …

Continue Reading

„Обрни внимание, Трамп“ – реакциите во САД по поразот на Орбан

Американските демократи го поздравија изборниот пораз на Виктор Орбан, додека републиканците реагираа поделено. Орбан ја загуби власта по 16 години, откако граѓаните гласаа за проевропскиот кандидат Петер Магјар. Демократскиот сенатор Чак Шумер порача: „Обрати внимание, Доналде Трамп“, оценувајќи дека вакви лидери ја губат поддршката. Слична порака испрати и Хаким Џефрис. Дел од републиканците, како Роџер Викер, резултатот го толкуваа како …

Continue Reading

Филипче по поразот на Орбан: Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче се огласи на социјалните мрежи откако Виктор Орбан ги изгуби изборите во Унгарија. „Вечерва Унгарија рече ДОСТА E! Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, г. …

Continue Reading

(Во живо) Се слави на улиците, Маѓар им се обрати на поддржувачите: „Унгарија победи“

Фејсбук-страницата на Петер Маѓар го емитува во живо неговото пристигнување кај поддржувачите. „Унгарија победи“, напиша тој покрај видеото.

Continue Reading