Американски научници: Паметните телефони го намалуваат бројот на деца
Во многу земји, бројот на деца по жена се намалува, и додека истражувачите продолжуваат да се обидуваат да ги утврдат причините за овој пад, две неодамнешни американски студии укажуваат на истиот можен виновник: паметните телефони. Сопствениците на паметни телефони имаат помалку социјални интеракции и затоа помалку сексуални средби во реалниот живот, сугерираат истражувачите. Стапката на плодност се намали за 22 …
Continue Reading
„Страв и надеж“ на МНТ дел од јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
Македонскиот народен театар на 10 јуни ќе учествува на јубилејното 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот и претставува современа сценска приказна за стравовите, осаменоста и неизвесноста на денешниот човек. МТФ „Војдан Чернодрински“, кој годинава одбележува шест децении постоење, е …
Continue Reading
Домашен трик против каснувања од комарци: Чешањето исчезнува за миг
Контролираната топлина може привремено да го пригуши сигналот за чешање, но не функционира кај секого. Чешањето по каснување од комарец може да биде толку непријатно што многу луѓе непрестанато ја чешаат кожата, особено во летните вечери кога каснувањата се најчести. Додека повеќето луѓе автоматски се свртуваат кон ладни облоги или креми против чешање, експертите велат дека постои друг метод што …
Continue Reading
Сити преговара за Мареска, ќе мора да му плати отштета на Челзи
Манчестер Сити и Челзи водат интензивни преговори во врска со ангажирањето на тренерот Енцо Мареска, кој е главен кандидат да го наследи Пеп Гвардиола на клупата на Сити, објавија англиските медиуми. Пеп Гвардиола на 22 мај, објави дека ќе го напушти Манчестер Сити. Мареска набрзо беше идентификуван како прв избор, а преговорите меѓу двата клуба во моментов се во напредна …
Continue Reading
„Дали уцена го мотивира Филипче да не отстапува од бугарската агенда“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Најголемите национални предавства и порази се случија токму додека СДС беше власт, промена на името, промена на знамето, уставни измени, и сите овие оставија последици врз националното достоинство. Од СДС повторно, дури и во опозиција, испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Јавноста се изнаслуша изјави дека СДС се подготвени да ја редефинираат македонската историја, а Филипче гордо вели …
Continue Reading
(Фото) Бел марш во Франција поради смрт на 11-годишно девојче и пропусти на судскиот систем
Илјадници луѓе се собраа во неколку француски градови за да го осудат она што го нарекуваат неуспех на правдата во смртта на 11-годишната Лихана, која беше пронајдена мртва минатата недела, а мораше да биде сместена во дом, но таа одлука никогаш не беше спроведена. Белиот марш беше името на поворката што ги собра жителите, семејствата, роднините и граѓаните кои носеа …
Continue Reading
Традиционална ликовна изложба „Самоуки 2026“ во Куманово
На 11 јуни, четврток, со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2026“. На изложбата ќе бидат претставени околу 40-тина слики, изработени од 16 автори. Проектот е подржан од страна на Министерство за култура. „Целта и идејата на оваа изложба е претставување на кумановските …
Continue Reading
Гросо нов тренер на Фиорентина
Фабио Гросо е новиот тренер на Фиорентина, објави денес клубот од Фиренца. Во соопштението за медиумите се наведува дека Гросо потпишал договор со Фиорентина до 30 јуни 2028 година. Тој го замени Паоло Ваноли, кој ја напушти Фиорентина пред три дена. Гросо (48) го тренираше Сасуоло во претходните две сезони, а пред тоа ги водеше Олимпик Лион, Фрозиноне, Сион, Бреша, …
Continue Reading
Примирјето не значи крај на кризата: Нафтата може да остане скапа со години
Дури и ако САД и Иран избегнат нова ескалација, енергетската криза и прекините во синџирите на снабдување нема брзо да исчезнат. Нормализацијата на пловидбата низ Ормутскиот теснец може да трае со месеци или години, пишува „Дојче веле“. Многу политичари, компании и инвеститори веруваат дека повторното отворање на Ормутскиот теснец брзо ќе ги сруши цените на енергијата, штом танкерите за нафта …
Continue Reading