Утре без вода две улици во Чаир

Поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 200 мм на ул. „Никола Малешевски“ бр.24, утре без вода ќе останат корисниците од ул.„Никола Малешевски“, како и дел од ул. „Македонско Косовска Бригада“ во општина Чаир. Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 13:40 часот па се до отстранување на дефектот. 

Continue Reading

Изабела Новотни ја доби наградата „Големата повелба на Леотар“

Македонската театарска, филмска и телевизиска глумица Изабела Новотни ја доби наградата „Големата повелба на Леотар“ за најдобра улога во филмот „Обична Ели“, во рамките на 11. Фестивал на европски и медитерански филм што се одржа во Требиње. Наградата беше доделена синоќа за време на затворањето на Фестивалот, а се одржа и проекција на филмот „Ова ќе оди“, во режија на …

Continue Reading

Кривична пријава против градоначалник на Кочани за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани денеска поднесе кривична пријава против Љ.П.(63) од Кочани, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштија денеска од МВР, тој во својство на службено лице – градоначалник на Општина Кочани, …

Continue Reading

Велешките пезнионери бараат линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите

Пензионерите од Велес со мирен протест во дворот на велешкото Здружение на пензионери и денеска, како и во петокот се придружија на барањата на колегите од другите градови барајќи линеарно зголемување на пензиите, а не процентуално. Во Општина Велес, заедно со Општините Градско и Чашка  има околу девет илјади пензионери, а половината се со пензии  до 15 илјади денари. Тие …

Continue Reading

Шпанската Народна партија верува дека може да формира нова влада

Шпанската конзервативна Народна партија (ПП) денеска соопшти дека верува дека би можела да формира влада, откако десничарската партија Вокс навести дека нема да инсистира да биде дел од владејачката коалиција. Генералниот координатор на ПП, Елиас Бендодо, кажа дека се отвора патот за помалите партии, кои се спротивставија на учеството на Вокс во новата влада, да ја поддржат Народната партија за …

Continue Reading

Зрињски и Бреидаблик можни противници на Струга во плејофот од Конференциската лига

Доколку фудбалерите на Струга во третото квалификациско коло во Конференциската лига бидат поуспешни од луксембуршкиот противник Свифт Хеспер, за ривал во плејофот ќе го имаат поразениот тим од дуелот меѓу Зрињски од БиХ и исландски Бреидаблик. Ова денеска го одлучи УЕФА со жрепка со која беа формирани потенцијалните плејоф дуели во третото по ранг европско клупско натпреварување. Македонскиот шампион на …

Continue Reading

Во јули минималната синдикална кошница 48.620 денари

Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за …

Continue Reading

По магистралата Кичево-Гостивар сообраќајот се одвива забавено

Бранот на туристи и посетители кои се враќаат од Охрид, Струга и Маврово овој викенд, предизвика забавено движење на возилата на десетина километри пред Гостивар. Сообраќајната полиција со физичко регулирање кај здуњска крстосница овозможуваат проток на сообраќајот по магистралата. Колона од возила која се формира од над каменоломите во правец кон Гостивар се движи полека и според проценките на возачите …

Continue Reading

Божиновски: Тие се можеби тивко најдискриминраната група во општеството иако вел работен век го дале за истото

Пензионерите утре почнуваат протести за достоинствен живот. Тие се можеби тивко најдискриминраната група во општеството иако вел работен век го дале за истото. Помнам овие кои денес се фалат со покачување на пензии како бараа на тие над 65 да им биде забрането да гласаат затоа што исто Груевски ги купувал со покачуања, како биле стари и само им ја …

Continue Reading