Без вода дел од корисниците на булеварот „Борис Трајковски“

Од 16:30 часот попладнево вода нема да имаат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ –  крак 1,3 и 5. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна водоводна цавка од ф-1“(цол) на булеварот „Борис Трајковски“ бр.1/21, а ќе трае до завршување на работните активности.

Continue Reading

Неонатолозите апелираат вработените мајки да го користат правото на пауза за доење на своите новороденчиња

Работата не треба биде пречка за доењето. Вработената мајка кога ќе се врати на работа да продолжи да си го дои своето дете и да се подигне свеста кај работодавачите, под ова мото се спроведе годинешната кампања по повод неделата на доењето. Началничката на Одделот за неонатологија при Клиничка болница – Штип, Валентина Златковска нагласува дека мајката има право на …

Continue Reading

Русија минатата недела во Украина употреби 500.000 парчиња муниција, тврдат украински официјални претставници

Руските сили во Украина употребија речиси половина милион парчиња муниција само во изминатата недела, соопштија украински официјални претставници. Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар вели дека Русија ги засилува своите напади на источниот фронт, со 9.000 случаи на гранатирање минатата недела во споредба со 8.000 една недела претходно. „Тие имаат план. Тие сакаат да се вратат на териториите што ги …

Continue Reading

Лидерите на ЕКОВАС в четврток ќе расправаат за натамошните чекори кон Нигер

Лидерите на економската заедница на западноафриканските држави ЕКОВАС (ECOWAS) в четврток планираат да се состанат во главниот град на Нигерија, Абуџа, за да ги договорат натамошни чекори за справување со кризата во  Нигер, земјата која на 26 јули беше преземена од воената хунта, изјави денеска портпаролот на ЕКОВАС за ДПА. Петнаесетчлената организација минатата недела им постави седумдневен ултиматум на новите …

Continue Reading

Се реконструира дел од велешката улица „Прохор Пчински“ кон црквата „Св. Спас“

Во тек се градежните работи за реконструкција на оштетените површини на дел од велешката улица „Прохор Пчински“ што води кон црквата „Свети Спас“. Како што информираат од Општина Велес, градежните работи започнаа во петокот и треба да завршат за десеттина дена, односно до крајот на ова недела. Во текот на изведувањето на градежните зафати  поставена е сообраќајна сигнализација. -Се замолуваат …

Continue Reading

ЦУК: Словенија упати барање за помош, Петровска извести дека државата е спремна да испрати 100 припадници на Армијата

Центарот за управување со кризи соопшти дека како контакт точка на Република Северна Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи, односно преку Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи, пристигнато е барање за помош на Словенија. -Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Северна Македонија е подготвена да испрати 100 …

Continue Reading

Захарова: Украина е светски лидер во илегалната трговија со човечки органи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во авторски текст за „Расиска газета“ наведува дека одамна е познато дека Украина е еден од светските лидери во црната трансплантација. Таа наведува дека Украина вади човечки органи од живите и убиените на бојното поле и ги продава на црниот пазар на клиенти во земјите на ЕУ и НАТО. Според Захарова …

Continue Reading

СЗПМ : Подготвени се предлози за зголемување на износот на најниската пензија и ќе бидат доставени до МТСП

Линеарно усогласување нема ниту во земјите од нашето опкружување, ниту во пензиските системи на европските земји, се наведува во денешното соопштение од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а во врска со барањето за линеарно усогласување на пензиите. Во однос на протестите на пензионерите со ниски пензии, Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, на денешната …

Continue Reading

Полициска акција во Северна Митровица, запленети шок-бомби и опрема за наркотици и криптовалути

Косовската полиција изведе денеска акција во населбата „Три облакодери“ во Северна Митровица, општина во северно Косово , при што заплени нелегална опрема за производство на дрога и криптовалути, како и муниција и шок-бомби, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменикот директор на полицијата на Косово за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека акцијата е спроведена по добиени информации …

Continue Reading