Македонските ракометарки поразени од Швајцарија на Европското кадетско првенство

Македонската женска кадетска ракометна репрезентација ја продолжи серијата порази на Европското првенство кое се одржува во Црна Гора, откако попладнево и на шестиот натпревар загуби од Швајцарија со 32-31 (15-14). Во неизвесен натпревар во салата „Морача“ во Подгорица, ракометарките на Швајцарија подобро се снајдоа во драматичната завршница и со гол во последниот напад ѝ го нанесоа на македонската репрезентација шестиот …

Continue Reading

Маж уби три лица во Градачац, БиХ, и изврши самоубиство

Нермин Сулејмановиќ, лицето кое денеска во Градачац со огнено оружје уби три и рани уште три лица, попладнево се самоуби откако беше лоциран од полицијата, непосредно пред да биде лишен од слобода, соопшти полициската управа на кантонот Тузла. Сараевската редакција на телевизијата N1 претходно јави дека бодибилдерот Сулејмановиќ со огнено оружје ја убил сопругата и уште најмалку две лица во …

Continue Reading

УЈП: Преку мерката МојДДВ досега вратени 7,3 милијарди денари

Управата за јавни приходи (УЈП) ја изврши исплатата на средствата од МојДДВ, за второто тримесечје од годинава при што на граѓаните кои скенирале фискални сметки во месеците април, мај и јуни вкупно им се исплатени 707.246.087,00 денари. Како што велат од УЈП, преку проектот МојДДВ, кој започна на 1 јули 2019 година, досега на граѓаните им се вратени 7,3 милијарди …

Continue Reading

Советот на Општина Берово додели финансиска помош за поплавените подрачја во Словенија

Советот на Општина Берово на денешната седница, едногласно, со 15 гласови „за“, донесе Одлука за доделување финансиска поддршка од 200 000 денари за загрозените граѓани од поплавите во Република Словенија. Средствата од изгласаната помош како што информираа од Општината ќе бидат уплатени на посебна сметка на Црвениот крст на РСМ наменета за помош на настраданото население во Словенија. -Дополнително Општина …

Continue Reading

Шверцери отвориле оган врз полицијата во северно Косово, уапсени пет лица

Косовската полиција уапсила пет лица, од кои четворица од српска и еден од албанска националност, по престрелката што рано утрово се случила во северно Косово, во општина Зубин Поток, во близина на границата меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменикот директор на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани изјави за медиумите дека полициска единица наишла …

Continue Reading

Мицотакис и Чеферин в среда ќе разговараат за случувањата во грчкиот и европскиот фудбал

Случувањата во грчкиот и европскиот фудбал ќе бидат во фокусот на средбата на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис со претседателот на УЕФА Александар Чеферин закажана за в среда, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис денеска имал телефонски разговор со Чеферин и се договориле да се сретнат в среда во Атина, додека пак по …

Continue Reading

Лукашенко сака добри односи со ЕУ, му наредил на премиерот да ги обнови контактите со Полска

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека сака да одржува добри односи со земјите од Европската унија, пренесуваат руските медиуми и додаде дека и наредил на својата влада да ги обнови контактите со Полска, со која има тензиии на заедничката граница. -Сега живееме првенствено на сметка на Истокот – Русија и Кина. Но, не смееме да заборавиме на високотехнолошкиот Запад. …

Continue Reading

Арсовска на увид на завршената реконструкција на дел од булеварот „АСНОМ“ во Ново Лисиче

 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска извршила увид на завршената реконструкција на дел од булеварот „АСНОМ“ во Ново Лисиче, проект со кој целосно се реконструира коловозот со вкупна  површина од 9750 м2 и должина од 1.100 метри, со рабници и тротоари, а извршено е и нивелирање на шахти и сливници. – Станува збор за целосна реконструкција на булеварот „АСНОМ“ …

Continue Reading

Ѓурѓај ги запозна потпретседателите на ФУЕН со положбата на Македонците во Албанија

Претседателот на македонското друштво „Илинден” – Тирана, Никола Ѓурѓај, беше во посета на во канцеларијата на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, во Фленсбруг, Сојузна Република Германија. При тоа, оствари средба со потпретседателите на ФУЕН, Госта Тофт и Бане Бансен. – На работната средба, високите претставници на ФУЕН ги запознав со најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во …

Continue Reading