Тиквешка винска езерска регата в сабота на Тиквешко Езеро

tikvesh
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тиквешка винска езерска регата со чамци ќе се реализира во сабота на Тиквешко Езеро, информираа попладнево од Здружението „Винотек“ од Кавадарци. Оттаму ја најавија и агендата на активности во рамките на регатата по езерото.







– Во рамките на регатата ќе има посета на Полошки манастир „Свети Ѓорѓија“. Обиколка, разгледување и запознавање со историјата на манастирот од страна на свештено лице. Ќе се посетат и Бегнишкиот залив и карпестата црква „Свети Лазар“. Предвидени се и одмор и релаксација и капење во езерските води. Во план е и посета на споменикот на 12 Ваташки младинци, а ќе се разгледа и манастирот „Свети Никола“ во Ваташа. Свечениот ручек е во манастирските конаци, соопштија од Здружението.

„Винотек“ се залага за промоција на производите од грозје и винскиот туризам во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK