Во новата академска година УКЛО-Битола може да запише 2565 бруцоши

Во новата академска година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во своите 11 универзитетски единици, во прва година ќе може да запише 2565 студенти. Според објавениот конкурс, УКЛО создаде услови за упис на 1351 студент за студирање во државната квота, 773 места се наменети за студии со кофинансирање и 441 за вонредно студирање. -Првиот уписен рок ќе се реализира на 21, 22 …

Continue Reading

Избори во Холандија во ноември

Изборите во Холандија ќе се одржат на 22 ноември, објави Холандската радиодифузна корпорација (НБЦ), повикувајќи се на владини извори. Коалициската влада на Холандија падна минатата недела откако не постигна договор за ограничување на имиграцијата. Марк Руте, кој беше на чело на земјата 13 години и најдолговечниот премиер во нејзината историја, во понеделникот објави дека се повлекува од политиката. Холандската министерка …

Continue Reading

Бајден идната недела ќе се сретне со израелскиот претседател Херцог

Американскиот претседател Џо Бајден во вторник во Белата куќа ќе се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог. Двајцата ќе разговараат за регионалната интеграција на Израел и за воените врски на Русија со Иран, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер. „Бајден ќе ја нагласи важноста на нашите заеднички демократски вредности и ќе разговара …

Continue Reading

Почнаа натпреварите на Балканското првенство во одбојка на песок во Штип

Почнаа натпреварите на Балканското првенство во одбојка на песок во спортско рекрекреативниот центар „Џексон“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова превентсво е одлична можност за сите љубители на спортот да уживаат во настаните закажани за овие три дена. -Чест и задоволство е да се биде домаќин на пет репрезентации коишто во следните денови ќе настапуваат …

Continue Reading

Франција го одбележува националниот празник-Денот на падот на Бастилја, во Париз традиционална воена парада

Во Париз денеска се одржува традиционална воена парада по повод националниот празник – Денот на падот Бастилја. На парадата учествуваат повеќе од 5.000 луѓе, а повеќе од 100.000 полицајци се распоредени низ целата земја, пренесува АП. Парадата ја отвори оркестар составен од 80 музичари од Франција и 13 од партнерските земји, вклучувајќи ги Канада и Германија. Почесен гостин на овогодинешната …

Continue Reading

Евакуација и откажани летови во Јужна Кореја поради обилни врнежи

Обилните врнежи во Јужна Кореја доведоа до откажување на повеќе од сто летови и илјадници домови без струја. Откажани се повеќе од 130 летови, а до 17 часот одложени се околу 270 летови. Прекини на струја се регистрирани во повеќе од 4.000 домаќинства во главниот град Сеул, а повеќе од 130 лица се евакуирани низ целата земја, соопшти Министерството за …

Continue Reading

Силен земјотрес во близина на брегот на Мексико

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето во близина на брегот на мексиканската сојузна држава Чиапас, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот, ккао што наведува центарот, се случил на длабочина од 10 километри. Други детали се уште не се објавени.

Continue Reading

Руските пратеници усвоија закон против трансродовите лица

Руските парламентарци денеска усвоија закон со кој се забранува промена на полот и посвојување деца од трансродови лица. „Оваа одлука ќе ги заштити нашите граѓани, нашите деца“, рече претседателот на Долниот дом на Парламентот (Дума), Вјачеслав Володин. Промени во граѓанскиот статус, хируршки операции и хормонски третмани беа достапни во Русија по распадот на Советскиот Сојуз. Сепак, од почетокот на руската …

Continue Reading

По шест години отстранет еколошкиот билборд во Тетово

Општина Тетово вчера го отстрани таканаречениот еколошки билборд од центарот во градот, каде што веќе шест години стоеше неупотреблив и без да врши функцијата да апсорбира ситна отровна прашина односно ПМ10 и ПМ 2, 5 честички. Беше поставен со пари на невладиниот сектор, приватни компании и германската амбасада. – Поради негрижата од претходната локална власт, еко-дрвото со години стои исушено …

Continue Reading