Елвин Вели: Предизвикот е да продолжиме со добрата работа како обвинители кои долги години се во обвинителството

Предизвикот, како и досега, е максимално, професионално и во рамки на закон, бидејќи сите денеска кои што дадовме заклетва сме обвинители кои долги години сме во обвинителството и останува на нас, да продолжиме со добрата работа, изјави јавниот обвинител Елвин Вели, на денешното потпишување на свечените изјави во Советот на јавни обвинители. Вели, како и обвинителката Наталија Тасевска, денеска потпишаа …

Continue Reading

Бектеши-Пајат: Силна поддршка од САД за енергетската транзиција на Македонија

Министерот за економија Крешник Бектеши во рамки на официјалната посета на Вашингтон оствари билатерална средба со американскиот помошник државен секретар за енергија Џефри Пајат. Како што информира Министерството за економија, на средбата со фокус на енергетските проекти и енергетско поврзување на регионот присуствуваше и директорот на НОМА Гас Бајрам Реџепи. Министерот Бектеши изрази благодарност за севкупната поддршка што Северна Македонија …

Continue Reading

Герасимовски: Пензионерите со примања до 35 000 денaри или без приход можат да користат домашна нега

Општина Центар го измени Правилникот за начинот, условите и критериумите за остварување право на бесплатни пакети за нега на возрасни лица во Општина Центар – Скопје, односно за право на користење на проектот „Нега за стари лица во домашни услови“. Преку овој проект Општина Центар обезбедува вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, негуватели и социјални работници во домашни услови за …

Continue Reading

Министерот Спасовски на средба со раководството на Европската џудо федерација

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, денеска оствари средба со делегација на Европската џудо федерација, претставувана од претседателот и потпретседателот, Ласло Тот и Хрвоје Линди. Тој беше информиран за динамиката со која се спроведуваат подготовките за претстојното Европско првенство што од 12 до 14 август ќе се одржи во нашата земја. Оваа манифестација се одржува прв …

Continue Reading

Индија го лансираше вселенското летало Чандрајан-3 на Месечината

Индиската вселенска агенција денеска го лансираше вселенското летало Чандрајан-3 на Месечината. Телевизиските снимки покажуваат како ракетата полетала од космодромот во јужната држава Андра Прадеш, оставајќи зад себе облак од чад и оган. На леталото ќе му бидат потребни меѓу 15 и 20 дена да влезе во орбитата на Месечината, а тогаш научниците ќе почнат да ја успоруваат ракетата за да …

Continue Reading

Во Кавадарци изложба на вкоричени изданија ,,Нова Македонија” од 1946 до 2004 година

Изложба на вкоричени изданија од дневниот весник ,,Нова Македонија” од 1946 до 2004 година, беше отворена денеска на градскиот плоштад во Кавадарци. Организатор на настанот е кавадаречката библиотека ,,Феткин”, во рамки на општинската манифестација ,,Културно лето”. Директорот на библиотеката, Петар Гурев нагласи дека оваа културна установа уредно ги чувала овие изданија со години. Станува збор за 146 книги, повеќе од …

Continue Reading

Приведен крадец, при претрес во неговиот дом биле пронајдени пушка и муниција

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба вчера го лишиле од слобода Ј.Ф.(24) од Скопје, поради тоа што управувал електричен велосипед за кој постоело сомнение дека потекнува од кривично дело „кражба“. Со него, како што информираат денеска од МВР, бил извршен службен разговор во кој признал уште едно дело „кражба“, при што на 09.07.2023 на бул.„Никола Карев“ одзел електричен тротинет, …

Continue Reading

УХМР: Топлотниот бран ќе продолжи и наредната недела

Подрачјето на нашата земја и во текот на следната седмица ќе биде под влијание на топол бран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето ќе биде многу топло, во поголемиот дел од земјава со дневни температури над 35 степени, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Според прогнозата на УХМР, …

Continue Reading

Над 12 часа прекин во снабдување со електрична енергија во тетовско Брвеница

 Делови од тетовското село Брвеница втор пат за една недела над 12 часа немаат снабдување со електрична енергија. Поради дефект од 23 часот синоќа е во прекин снабдувањето со електрична енергија. – До кога ќе се си играат со струјата во Брвеница. Пред три дена немаше повеќе од 10 часа, сега пак. Ноќеска на десетина пати се прекинуваше и снема …

Continue Reading