Одземен пратеничкиот мандат на поранешниот вицепремиер Ахметај, СПАК може да го апси, но тој е надвор од земјата

Албанскиот парламент му го одзеде пратеничкиот мандат на Арбен Ахметај, поранешен вицепремиер, со што се отвора патот за негово апсење, што го побара Специјалното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. На седницата присуствуваа 120 од вкупно 140 пратеници, при што за одземање на мандатот гласаа 117, додека тројца се воздржале од гласање, и тоа Фатмир Медиу, лидер на Републиканската …

Continue Reading

Нема приговори за изборите за Судскиот совет, Наќе Георгиев и Антоанета Димовска се нови членови

Од кандидатите за членови на Судскиот совет немало приговори до Комисијата за спроведување на изборите што се одржаа вчера, во однос на начинот на гласање и на резултатите.  Комисијата ги потврди за конечни првичните резултати што ги соопшти вчера, според кои нови членови на Советот се Наќе Георгиев, судија од Врховниот суд, и Антоанета Димовска, судија од Граѓанскиот суд Скопје. …

Continue Reading

Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”

Започнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица”, информираа од АД ЕСМ. Оттаму соопштуваат дека ќе се вложат максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок. – Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании.И покрај опожарувањето на …

Continue Reading

Средба на претседателот Пендаровски со Бранко Азески, претставници од Стопанската комора на Северна Македонија и Асоцијацијата ТИМ-40

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот на комората Бранко Азески и претставници од Асоцијацијата во Стопанската комора на Северна Македонија ТИМ-40. Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговараше за актуелните општествено – политички случувања во земјава и нивните влијанија врз економскиот амбиент, како и за заштита на интересите …

Continue Reading

Нова ЕА-фудбалска видеоигра како продолжение или замена за ФИФА

Доаѓа нова ера за познатата фудбалска симулација на видеоигрите на „Електроник артс“ (ЕА), па првото издание од новиот серијал, наречен „ЕА спортс ФЦ 24“ ќе биде пуштено во продажба на 29 септември. Новата видеоигра ќе биде наменета за конзолите „Плејстејшн 4“ и „5“, „Икс-бокс уан“, како и сериите „Икс“ и „С“, „Нинтендо свич“, а ќе има и опција за играње …

Continue Reading

Трансферот на Кантона највреден во историјата на Премиер лигата

Новинарите на лондонски „Дејли Мејл“ составија листа на играчи чии трансфери оставиле голема трага во англискиот фудбал, а за нив или воопшто не било платено обесштетување или биле ангажирани за симболична сума. Број еден во изборот на „Дејли Мејл“ е Французинот Ерик Кантона, кој во 1992 година дојде во Манчестер јунајтед од Лидс за 1.5 милиони евра. Неговиот трансфер не …

Continue Reading

Kривична пријава за притвореник од Кичево за пожарот во битолскиот затвор

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Кичево, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ во битолскиот затвор. – На 11.07.2023, во периодот од 19.00 до 19.20 часот, во Казнено-поправната установа Затвор Битола, пријавениот предизвикал пожар во ќелијата каде издржувал казна притвор, при што просторијата била опожарена, а биле оштетени и други простории во …

Continue Reading

„Безбедно лето 2023“ – на подрачјето на СВР Тетово одржани триесетина превентивно-едукативни и информативни средби на советодавните групи на граѓани

Отсекот за превенција на СВР Тетово ги заокружува планираните превентивно-едукативни и информативни активности со советодавните групи на граѓани, кои стартуваа во мај годинава. Досега веќе се одржани триесетина средби на овие советодавни групи, на кои се расправало за три теми, и тоа: спречување пожари на отворен простор и шумски пожари, превенирање на употребата на огнено оружје и пиротехнички средства на …

Continue Reading

Состојба на патиштата

ПРОМЕНИ ВО РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Во 10:37ч. сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Радовиш е нормализиран. Поради асфалтирање, Делницата Велес – Градско од 12.07. до 22.07.2023 г. во периодот од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај. Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 06.07 до 20.07.2023 година, делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена во период …

Continue Reading