Средношколец од штипската Гимназија лишен од слобода по објавени закани на „ Инстаграм“

Средношколец од гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип вчера на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил текст со заканувачка содржина. Случајот го потврди СВР Штип од каде информираа дека тој е приведен. – Полициски службеници од СВР- Штип го лишиле од слобода 18-годишен Б.Д.од Штип, бидејќи во 12:18 часот во СВР Штип, од гимназијата во Штип, каде тој е ученик, било пријавено дека …

Continue Reading

Кочовски: Поддршката од компанијата „Моцарт“ дополнителен ветер во грбот за претстојните трки

Шампионот во брзински мотоциклизам, Синиша Кочоски кој е член на мото клубот Сајлент Хантерс доби поддршка од компанијата „Моцарт“ со која верува се исполнети условите за остварување поголеми успеси од минатата сезона. Кочоски во 2022 година го освои првото место во брзински мотоциклизам во класата Ф1000 на престижниот БМУ Европски Шампионат и е двократен македонски шампион. – Заедно со мојот …

Continue Reading

Уште 10 дена до крајот на натпреварот Зелени идеи 2023

АРНО ја потсетува јавноста дека остануваат уште 10 дена до крајниот рок на натпреварот Зелени идеи 2023. На натпреварот можат да аплицираат индивидуалци, здруженија, мали компании, земјоделци, занаетчии, задруги со идеи или почнати зелени бизниси. Тој трае до 21 мај. – Оваа година се надеваме повторно на солидни зелени бизнис идеи и апелираме сите заинтересирани да аплицираат, па макар и …

Continue Reading

МОН: Државната матура да се одржи во предвидените рокови, за секој нов предлог да се консултираат и учениците

Министерството за образование и наука соопшти дека инсистира државната матура да се одржи на датумите дефинирани во Календарот за организација на учебната 2022-2023 година во јавните средни училишта, односно првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, а вториот на 10 јуни. -Апелираме и до раководството на Државниот испитен центар и до членовите на Државниот матурски одбор целосно да …

Continue Reading

Објавен Конкурсот за стипендии за студии на првите сто универзитети рангирани на Шангајската листа

Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување седум стипендии за прва година додипломски студии во странство за академската 2023/2024. Кандидатите треба да се запишани во областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката на еден од првите сто рангирани универзитети, согласно последната објавена листа на Центарот за …

Continue Reading

Спасовски: Зајакнување на институционалната соработка за отстранување на ризиците во воспитувањето и образованието

Институционалната соработка ќе мора да ја зајакнеме уште повеќе, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на работилницата за проактивно лидерство на прилепскиот Економски факултет. Спасовски ова го најави во контекст на последните случувања во соседството и нагласи дека последните три години превентивно се дејствува во и околу училиштата – Оваа трибина доаѓа во вистинското време на предизвици …

Continue Reading

Демант од МТСП за објавите за третманот на децата сместени во згрижувачки семејства и групни домови

Министерството за труд и социјала политика ги оцени како неаргументирани, неиздржани и паушални објавите на социјалните медиуми во врска со третманот на децата сместени во згрижувачки семејства и групни домови, а во врска со работата на Министерството за труд и социјална политика, објавени на ФБ страницата на политичката партија – Левица. – Во насока на точно информирање на јавноста и …

Continue Reading

Министерство за правда: Откако ќе се комплетира документацијата, ќе се размислува за можните варијанти за осудените во „Диво насеље“

Косовските власти прво треба да ги признаат пресудите на нашите судови. Документацијата се уште не е комплетирана. Откако ќе се комплетира, ќе се размислува за можните варијанти и во координација со МВР и косовските власти ќе се утврдува дали постои можност за такво нешто, наведуваат од Министерството за правда по пишувањата во дел од медиумите дека не е исклучена можноста …

Continue Reading

Средба на претседателот на Собранието, Џафери со амбасадорката на Кралството Шведска, Ларсон

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин. Џафери, соопштија од собраниската прес-служба, на средбата истакнал дека билатералните односи помеѓу двете земји се одлични и се надева дека овие средби ќе придонесат кон понатамошно развивање на истите. Претседателот на Собранието Џафери го објаснил процесот на интеграцијата на нашата …

Continue Reading