Министерство за правда: Откако ќе се комплетира документацијата, ќе се размислува за можните варијанти за осудените во „Диво насеље“

ministerstvo-pravda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косовските власти прво треба да ги признаат пресудите на нашите судови. Документацијата се уште не е комплетирана. Откако ќе се комплетира, ќе се размислува за можните варијанти и во координација со МВР и косовските власти ќе се утврдува дали постои можност за такво нешто, наведуваат од Министерството за правда по пишувањата во дел од медиумите дека не е исклучена можноста 13-те затвореници од т.н. Кумановска група за случајот „Диво насеље“ од „Идризово“ да бидат префрлени на Косово.







Косовска „Коха“, го пренесува интервјуто на министерот за правда Кренар Лога за косовскиот сервис за „Радио Слободна Европа“, во кое, како што пишува, истакнал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.

-Она што го добив од предметната документација и на која се повикаа вработените во администрацијата во рамките на министерството е дека дел од барањата не се целосни. Започнавме со процесот на комплетирање на документацијата, потоа една по една почнуваат фазите кои течат до моментот кога мора да се изврши нивното префрлање во затворите на Косово, рекол Лога за РСЕ, пренесува косовска „Коха“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK