Кочовски: Поддршката од компанијата „Моцарт“ дополнителен ветер во грбот за претстојните трки

motor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шампионот во брзински мотоциклизам, Синиша Кочоски кој е член на мото клубот Сајлент Хантерс доби поддршка од компанијата „Моцарт“ со која верува се исполнети условите за остварување поголеми успеси од минатата сезона.







Кочоски во 2022 година го освои првото место во брзински мотоциклизам во класата Ф1000 на престижниот БМУ Европски Шампионат и е двократен македонски шампион.

– Заедно со мојот тим ветуваме дека и оваа сезона ќе го дадеме нашиот максимум за уште поголеми успеси и се разбира нови трофеи. Потпишаната соработка со компанијата „Моцарт“ ќе ми биде дополнителен ветер во грб за претстојните предизвици во БМУ Европскиот шампионат и Македонскиот шампионат, каде ги бранам титулите, но и во новото натпреварување за мене Алпе Адриа. На првите две трки во Серес, Грција имав одличен настап, изјави Кочоски.

Во домашниот шампионат, Кочоски обезбеди две први места, додека во Европскиот се искачи на второто скалило на подиумот.

Следен негов предизвик ќе бидат трките во Словачка на легендарната патека „Словакија Ринг“, во рамки од Алпе Адриа“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK