Реал ќе добие 1,76 милиони евра за освојување на Евролигата

По завршувањето на сезоната во кошаркарската Евролига, е познато како ќе биде распределен наградниот фонд. Како првопласирана екипа, Реал Мадрид ќе добие најголема сума – 1.759.398 евра. Олимпијакос, поразениот во финалето, ќе добие речиси половина – 996.992 евра. Монако ќе добие 879.699 за третото место, Барселона 762.406 за четвртото. Понатаму, паричната награда за сезоната 2022/23 е распределена на следниов начин: …

Continue Reading

Македонски уметници на групната изложба „Уметноста го обединува светот“ во Венеција

Изложба насловена „Уметноста го обединува светот“ на група интернационални уметници меѓу кои и од Северна Македонија е отворена викендов во палатата Албрици-Капело во Венеција, како паралелен настан на Биеналето на архитектура Венеција 2023. На изложбата учествуваат Клара Афонсо од Португалија, Патриција Казагранда од Германија, Арлета Чехиќ од Босна и Херцеговина, Јулија Дјаченко, Владимир Мартинов, Дима Сухов и УЛАН од Русија, …

Continue Reading

Алкараз нов лидер на АТП ранг-листата

Карлос Алкараз се најде на првата позиција на најновата АТП ранг-листа објавена денес. Шпанецот има 6.815 бодови. Едно место во однос на претходната недела напредуваше и Русинот Данил Медведев кој е втор со 6.330 бода. Со пад од две места, Србинот Новак Ѓоковиќ е трет. Тој по раната елиминација на Мастерсот во Рим, сега има 5.955 бода. Во ТОП !0 …

Continue Reading

Нова демократија убедлив победник на парламентарните избори во Грција

Со освоени над 40 отсто од гласовите, двојно повеќе од СИРИЗА, Нова демократија убедливо победи на парламентарните избори во Грција, но поради пропорционалниот модел не може да формира еднопартиска Влада, па земјата ќе оди на втори избори, јави дописничката на МИА од Атина. Нова демократија обезбеди 146 пратеници, пет помалку од потребниот минимум од 151 пратеник за мнозинство во Парламентот, …

Continue Reading

Може ли Украина со системите Патриот да ги собори руските хиперсонични ракети?

Украина неодамна објави дека во една ноќ соборила шест руски хиперсонични ракети Кинжал, што би било големо назадување во напорите на Москва да развие незапирливо оружје од следната генерација. Не беше објавено кои противвоздушни системи се користени за ова, но американската војска претходно објави дека Украина веќе соборила Кинжал користејќи го системот Патриот. „Патриот“ (што е кратенка за Phased Array …

Continue Reading

Шарл Мишел и Фон дер Лајен во посета на Јужна Кореја

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе пристигнат во Сеул, каде ќе се сретнат со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол. Тоа е прва посета на европските лидери кои учествуваа на самитот на Г7 во Хирошима, Јапонија, на таа источноазиска земја. Темите на нивните разговори ќе бидат многубројни: од економски до забранети …

Continue Reading

Тројца палестински борци убиени во операција на израелската војска на Западниот Брег

Тројца борци на палестинска група беа убиени во израелска воена операција на окупираниот Западен Брег во текот на ноќта. Засега нема коментар од израелската армија Палестинското Министерство за здравство ја потврди смртта на тројца млади мажи во бегалскиот камп Балата надвор од градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег. Военото крило на движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, …

Continue Reading

Мајами го победи Бостон и е на чекор до пласман во финалето на НБА плејофот

Мајами хит ноќеска го победи Бостон селтикс со 128:102 во третиот натпревар од полуфиналето на НБА плејофот. Најдобар кошаркар на натпреварот беше Гејб Винсент кој со 29 поени ги предводеше „жешките“ до убедлив триумф. Резултатот во серијата е 3:0 во корист на Мајами. Следниот натпревар ќе се ноќта вторник кон среда (24 мај почеток 2:30 часот по македонско време). Во …

Continue Reading

Објавена публикацијата „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“

Деновиве излезе од печат „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“, најново книжевно дело на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Станува збор за истражувачка студија со фабуларна структурираност, во која е обработена своевремено популарната српска периодична публикација „ЈУ стрип“, со посебен акцент на неколкуте македонски автори што со свои стрипови биле застапени на нејзините страници. – Во својата блескава публикација, Стеванов …

Continue Reading