Тројца палестински борци убиени во операција на израелската војска на Западниот Брег

zapaden-breg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тројца борци на палестинска група беа убиени во израелска воена операција на окупираниот Западен Брег во текот на ноќта. Засега нема коментар од израелската армија







Палестинското Министерство за здравство ја потврди смртта на тројца млади мажи во бегалскиот камп Балата надвор од градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег.

Военото крило на движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Бригадите на мачениците Ал Акса, соопшти дека загинатите се нејзини борци.

Вчера вечерта израелски војник беше полесно повреден во напад со автомобил во градот Хувара, во близина на Наблус.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK