Астрономски календар

Денеска е петок, 28 јули 2023 година, 209-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 156 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 19 часот и 57 минути. Денов трае 14 часа и 34 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее, а ќе зајде 29 минуити …

Continue Reading

Шкупи загуби од Левски со 0:2

Македонскиот претставник во 2. коло од квалификациите на Конференциската лига, тимот на Шкупи, вечерва во Скопје е поразен од Левски со 2:0. Стрелец на водечкиот гол за гостите од Бугарија беше Бразилецот Велтон во 31. минута, неговиот сонародник Роналдо во 90+4. минута ги постави конечните 2:0.. Чаирчани и покрај неколкуте убави шанси, не успеаја да постигнат ниту еден гол, додека …

Continue Reading

ЕВН: Жители од Оризари влегоа во КЕЦ Куманово, вработените ги напуштија местата

Откако група жители на липковското село Оризаре, влегоа во објектот на КЕЦ Куманово, вработените ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа, информираа денеска од ЕВН. Од компанијата велат корисничко енерго центар на ЕВН Куманово нема да работи сè додека не се создадат услови за нормално одвивање на работата. Инаку, како што претходно информираа од …

Continue Reading

Промоција на скулптура на куче во природна големина на Лида Шерафатманд

Меѓународната уметница Лида Шерафатманд утре во Струга ќе ја промовира статуата на куче изработена од цемент во природна големина. Скулптурата, како што информира за МИА, е со големина 120 на 60 центиметри и тешка 130 килограми. Публиката ќе може да ја види утревечер од 20 часот во мезебарот „Кингстон“. Приказната, раскажува Лида, произлегла од лојалноста на едно улично кучето, кое …

Continue Reading

Белгија се обидува да ја „спаси“ трката во Ф1 на Спа-Франкоршамп

Трката за Големата награда на Белгија во Ф1 на патеката Спа-Франкоршамп в недела, би можела да биде една од последните на овој автодром, бидејќи по влезот на американските и петродоларите од Персискиот Залив во Формула 1, овој традиционално европскиот спорт почна да се насочува кон други региони во светот, наведува „Политико“. Според плановите на сопствениците на Ф1, од следната година …

Continue Reading

Џафери: Гласање за уставни измени само доколку има потребно мнозинство за одлучување

Претседателот на Собранието Талат Џафери објаснувајќи ја процедурата за пленарната седница за утврдување на потребата од уставните измени закажана за 18 август, изјави дека дебатата, согласно Деловникот, трае десет работни дена, но дека гласањето не мора да се одржи по исцрпување на листата на говорници затоа што, како што кажа, „Собранието одлучува доколку има потребно мнозинство за одлучување“. -Прво, за …

Continue Reading

Македонскиир филм „21 Ден до крајот на светот“ на Теона Митевска селектиран на Венецијанскиот филмски фестивал

После „Најсреќниот човек на светот”, Теона Стругар Митевска се враќа во Венеција со својот најнов филм „21 Ден до крајот на светот“ во програмата „Денови на авторите”. Оваа програма годинава прославува две децении од своето постоење, а е создадена од Италијанската асоцијација на режисери и автори. Целта на програмата, која е пандан на Канската програма „Режисерски две недели“ е да …

Continue Reading

Мицкоски за Иловица: Во оваа Влада се махери за да создадат проблем, а потоа да се обидуваат со политички лупинг да го решаваат проблемот

Во оваа Влада се махери за да создадат проблем, а потоа да се обидуваат со политички лупинг да го решаваат проблемот, рече лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Петровец коментирајќи ја најавата за изнаоѓање на решение за рудниците Иловица. Според Мицкоски јасни се ставовите на Владата. „Јасна е позицијата таму. Станува збор за бизнис …

Continue Reading

Ванделт на средба со Битиќи за потенцијалот на германските инвеститори во Македонија

Потенцијалот на германските инвеститори во Македонија, можностите за дополнителен развој на рамковните услови и за обезбедување квалификувана работна сила, биле клучни теми на разговор на средбата на Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство. -Посетата кај вицепремиерот Фатмир Битиќи, одговорен за економски прашања, првпат ме однесе во „белата куќа“ на македонската …

Continue Reading