Почна изградба на детско катче на улица „Есперанто“ во Куманово

Почна изградбата на детско катче на улицата „Есперанто“ во Куманово, соопштија денеска надлежните. Ова е едно од четирите детски катчиња кои ќе се градат на четири различни локации во Куманово. Реквизити за деца ќе има кај локалитетот „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во село Черкези. Општината од буџетот одвои 4.735.812 денари со вклучен данок на додадена вредност. На тендерот …

Continue Reading

Гроздановска: Прекрасно беше чувството кога во Солун ја слушав македонската химна интонирана во чест на мојата победа

Младата и талентирана Леонида Гроздановска минатиот викенд на коњички турнир во Солун го освои прво место. Таа победи во силна конкуренција на натпреварувачки од Русија, Романија, Грција, Франција, поминувајќи ја патеката со најбрзо време и без ниту една соборена пречка. Ова беше турнир под покровителство на Светската коњичка федерација што му дава посебна тежина на резултатот на Гроздановска. Во чест …

Continue Reading

Шаќири: Им помагаме на студентите да обезбедат здрав оброк, средствата ќе ги добиваат на наменска платежна картичка

Министерството за образование и наука склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје за реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк, со што се овозможува средствата да се користат исклучиво за субвенционирање за обезбедување на здрав оброк на студентите. На потпишувањето на протоколот за имплементација на мерката, присуствуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот и заменик претседателот на …

Continue Reading

Вработените во МИА одржаа предупредувачки протест

Вработените во Мeдиумската информативна агенција – МИА денеска излегоа на предупредувачки протест со барање за зголемување на платите. – Првпат во 25-годишното постоење на МИА вработените се принудени преку протест да бараат остварувања на нивните права. Денешниот предупредувачки протест е поради игнорантскиот однос на Владата кон барањата за зголемување на платите согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, …

Continue Reading

Кристин Харила и нејзиниот водич Тенџин Шерпа за 92 дена ги искачија 14-те највисоки врва

Норвежанката Кристин Харила и нејзиниот водич од Непал, Тенџин Шерпа станаа алпинистите кои се искачиле на 14 врвови над 8.000 метри за најскоро време, освојувајќи го денеска и К2 во Пакистан. И двајцата планинари за три месеци, поточно за 92 дена освоија 14 врва. Успехот е одраз на „решителност, тимска работа и упорност“, како што се вели во нивното соопштение. …

Continue Reading

Тренчевска: Градиме заеднички спомени со децата од дневните центри

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска утринава со децата од Центарот за бездомни лица од Чичино Село и Дневните центри за деца на улица од Кисела Вода и Шуто Оризари го посетија Археолошкиот музеј во Скопје. Децата заедно со двете министерки неколку часа поминаа во катчето за деца каде читаа сликовници …

Continue Reading

„Соседска патрола” синоќа во Кисела Вода

Градонaчалникот, Орце Ѓорѓиевски заедно со инспектори од СВР и со командирот на ПСОН Кисела Вода, вчеравечер извршија обиколка на повеќе локации каде што се собираат  млади лица во доцните часови, паркови, дворовите на  училиштата, градинките, кафулињата, како и на места во кој е нарушен јавниот ред и мир. -Со лицата кои беа затекнати на посетените локации се разговараше и им …

Continue Reading

РКЕ пред почетокот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената на парното греење

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред стартот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената по која скопјани ќе ја плаќаат топлинската енергија. -Поднесените барања за цената се исклучително комплексни затоа што станува збор за година во која имавме миграција на лиценци и прогласена криза состојба. Дополнително цената на гасот драстично варира и предвидливост би била …

Continue Reading

Промовирана поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“

Во просториите на УНДП во Скопје денеска беше промовирана поштенската марка „60 години од скопскиот земјотрес“. Поштенската марка ја промовираа постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и генералната директорка на АД Пошта на Македонија, Бујаре Абази. Марката е дело на Лоран Буфало од Пошта на Македонија и е со мотив на старата железничка станица. Номиналната вредност 36 денари, а е …

Continue Reading