Пожарот на товарниот брод кај холандскиот брег е изгаснат по речиси седум дена

Пожарот на товарен брод што превезувал нови автомобили е изгаснат по речиси седум дена, соопшти денеска холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство. Бродот Фермантел Хајвеј, што превезуваше 3.783 нови автомобили, од кои 498 електрични, гореше непрекинато од 25 јули, а пожарникарите одлучија да не го гаснат пожарот со вода поради страв да не го дестабилизираат бродот, што е закотвен во …

Continue Reading

Одлука на Владата за доделување 50 стипендии за странски студенти од Балканот со македонско потекло

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од интерес за Република Македонија. Како што информира владината прес-служба, станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров, кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети: …

Continue Reading

Во Скопје приведен криминалец баран со потерница

МВР информира дека денеска, околу 11.50 часот, на ул. „Втора Македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во соработка со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги, по преземени мерки и активности го лишиле од слобода скопјанецот Л.Б.(46). Тој бил баран по централна потерница врз основа на …

Continue Reading

Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Saber Junction 23“

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија во Сојузна Република Германија, за учество на вежбата „Saber Junction  23“. Оваа вежба, според Образложението од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на САД и во неа, покрај припадници од вооружените сили на САД, ќе учествуваат и …

Continue Reading

Грковска – Таравари: Важно е и општините да се вклучат во промоција на принципите на добро владеење

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска беше во работна посета на Гостивар, каде оставирал средба со градоначалникот, Арбен Таравари. Како што информираат од владината прес-служба, на средбата е разговарано за заедничка организација на дебатни настани по почетокот на наредната учебна година, а во рамки на активностите наменети за младите, кои вицепремиерката Грковска повеќе од една година …

Continue Reading

Владата ја одржа 176-та седница

Од 176-та владина седница: Одлука за формирање Национална установа: Центар за култура „Десет дена Крушевска Република“; Одлука за формирање Национална установа: Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“; Одлука за стипендии за студенти со македонско потекло кои живеат на Балканот; одлуки за запишување студенти на втор и трет циклус студии на државни универзитети; Одлука за испраќање припадници на Армијата на вежба во …

Continue Reading

Ескобар: Црна Гора има единствена можност да го забрза својот пат кон ЕУ

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска за агенцијата МИНА изјави дека Црна Гора има единствена можност да го забрза својот пат кон Европската Унија. „Црна Гора во моментов има уникатна можност да го забрза својот пат кон ЕУ“, рече Ескобар. Тој посочи дека САД се охрабрени од демократскиот напредок на Црна Гора, кој вклучува неодамнешна промена …

Continue Reading

Македонците во Србија во Ниш го одбележаа празникот Илинден

Македонците во Србија во градот Ниш денеска со прием и пригодна свеченост почнаа да го одбележуваат 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, кој во Србија е и национален празник на македонското малцинство во оваа држава, јави дописникот на МИА од Белград. – Македонското здружение „Вардар“ од Ниш, кој го организира приемот и одбележувањето на Илинден, ова го прави веќе …

Continue Reading

Реакција на МНР на прес-конференцијата на Стоилковски за сукцесијата на имотот на поранешна Југославија

Денешните паушални обвинувања на партијата, кои се без никаква основа, претставуваат уште од серијата манипулации создадени во фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ чија работа сѐ повеќе се засилува. Средствата од заедничката продажба на објектот на Мисијата на поранешна СФРЈ при ООН се делумно префрлени на сметката на Постојаната мисија во Њујорк, а соодветно на локалните правила и продажните услови, наскоро …

Continue Reading