Бројот на раселените лица поради конфликтот во Судан надмина четири милиони луѓе

Повеќе од четири милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови откако избија борби во Судан пред околу четири месеци, соопштија Обединетите нации, пренесува ДПА. – По 16 недели конфликт во Судан, повеќе од четири милиони луѓе се раселени во земјата и соседните земји, рече Клементин Нкета-Салами, хуманитарен координатор на ОН за Судан. – Многумина од оние кои се …

Continue Reading

Парична казна за Твитер откако одби да го испочитува налогот за претрес на профилот на Трамп на таа мрежа

Американскиот специјален обвинител што го истражува Доналд Трамп доби судски налог за претрес на профилот на поранешниот претседател на Твитер, но компанијата одби да ја почитува одлуката, се вели во мислењето на Апелацискиот суд издадено денеска. Апелациониот суд на округот Колумбија ја потврди одлуката на федералниот судија да го процени потегот на Твитер, сега именуван како Х, како непочитување и …

Continue Reading

Евростат: Се намалува бројот на пожарникари во ЕУ

Бројот на пожарникари во Европската Унија опаѓа, иако блокот се соочува со сè поголеми пожари како резултат на климатските промени. Унијата лани имала вкупно 360.000 пожарникари, што е за 2.800 помалку од 2021 година, покажуваат новите податоци објавени од Евростат. – Намалувањето на бројот на пожарникари во екот на климатската криза е рецепт за катастрофа, рече Естер Линч, генерална секретарка …

Continue Reading

Украина ќе добие системи за ПВО – Патриот од Германија, најави Зеленски

Германија и Украина се договорија Киев да добие повеќе системи за противвоздушна одбрана Патриот, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање. „Денеска дојде добрата вест од Германија – токму она што го договоривме со германскиот канцелар Олаф Шолц. Ќе има дополнителни системи Патриот.Ова е неопходно за заштита на нашиот народ од рускиот терор“, рече Зеленски. Претходно вчера …

Continue Reading

ФБИ уби човек затоа што му се заканувал на Бајден

Специјални агенти на ФБИ убија маж од Јута обвинет дека му се заканувал на американскиот претседател Џо Бајден за време на синоќешна рација  само неколку часа пред американскиот претседател да пристигне во таа сојузна држава. Во рацијата е убиен Крег Робертсон, кој е обвинет дека упатувал закани кон американскиот претседател објавени на интернет пред неговата посета на Јута. Претресот на …

Continue Reading

Бајден нареди да се ограничат американските инвестиции во кинеската технологија

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша извршна наредба за ограничување на американските инвестиции во технолошкиот сектор на Кина, вклучително и развој на полупроводници, микроелектроника, квантна технологија и вештачка интелигенција Според американски медиуми, тоа е знак за растечка тензија меѓу двете светски сили. Високи претставници на администрацијата рекоа дека тој потег е за национална безбедност, а не за економски интереси. Регулативата има …

Continue Reading

Еквадорски претседателски кандидат убиен за време на кампања

– Еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио беше застрелан на крајот од предизборниот митинг синоќа во Кито, а извршителот на убиството набрзо беше идентификуван, но им подлегна на повредите при апсењето. На видеата од предизборниот митинг, објавени на социјалните мрежи, се гледа како луѓе трчаат и врескаат додека се слушаат пукотници во кои е убиен 59-годишниот претседателски кандидат. Осомничениот сторител починал …

Continue Reading

„Предрасуди и гордост – шведски филмски квир“ вечер во Кинотека

Во Кинотека на Македонија од денеска до 15-ти месецов, во соработка со Амбасадата на Шведска, ќе бидат прикажани шведски документарни филмови. Како што е најавено, вечер на репертоарот ќе биде „Предрасуди и гордост – шведски филмски квир“ од Ева Белинг. Утревечер ќе се прикажува филмот „Историја – конци за Сами“ на Томас Џексон, а на 12-ти август „Децата на непријателот“ …

Continue Reading

Состојба на патишта

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и …

Continue Reading