Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Ова се првичните информации што за МИА ги сподели доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош  во Кавадарци. – Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена …

Continue Reading

Челзи ја одби размената на Лукаку за Влаховиќ

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ нема да се пресели во Челзи, објави „Sky Sport Italia“. Лондонските „Сини“ одбиле да го разменат напаѓачот Ромелу Лукаку за 23-годишниот Србин. Во сезоната 2022/23, Влаховиќ забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и четири асистенции. Неговиот договор со Јувентус е до летото 2026 година. Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на …

Continue Reading

ЦРТА: Во изминатите 40 денови Вучиќ им се обратил 30 пати на граѓаните

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во изминатите 40 дена 30 пати директно им се обратил на граѓаните преку телевизија со национална фреквенција, соопшти ЦРТА. Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) наведува дека во анализата е анализиран периодот од 1 јули до 9 август годинава. Како што додадоа, за денеска е најавен уште еден „ексклузивен специјал“, односно гостувањето на Вучиќ …

Continue Reading

Либан го забрани филмот „Барби“

Либанскиот министер за култура денеска забрани прикажување на филмот „Барби“ во кината во земјата, оценувајќи дека тој промовира хомосексуалност и сексуална трансформација и е против верските вредности. Министерот Мохамед Мортада е поддржан од моќната шиитска група Хезболах, чиј раководител Саид Хасан Насрала ја засили својата реторика против ЛГБТ-заедницата, тврдејќи дека таа претставува непосредна опасност за Либан. Насрала побара од властите …

Continue Reading

Шефот на кинеската дипломатија од Сингапур ја почнува турнејата во југоисточзна Азија

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска од Сингапур ја започна турнејата низ три земји од Југоисточна Азија, соопшти кинеската амбасада во Сингапур. Во рамки на тридневната турнеја на шефот на кинеската дипломатија, предвидени се посети и на Малезија и Камбоџа. „Кина очекува во рамките на посетата да ја зајакне својата стратешка комуникација со овие три земји од Југоисточна …

Continue Reading

Шошкиќ наместо Димитријевиќ на списокот на патници за Талин

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончвски го одреди списокот на 12 играчи кои ќе настапат во претквалификациите за Олимписките игри 2024. На местото на повредениот Ненад Димитријевиќ во Талин отпатува младиот Андреј Шошкиќ. – Ненад Димитријевиќ нема да патува со нас на претстојниот турнир. Тој се пожали на болка во тетивата, како што ме информираа од лекарскиот тим, станува …

Continue Reading

Отстранети 45 кубни метри отпад од диви депонии во три скопски општини

Од почетокот на неделава отстранети се 45 кубни метри отпад од диви депонии во три скопски општини. „Комунална хигиена“ денеска соопшти дека отпадот е подигнат од диви депонии во близина на „Македонска куќа“ во општина Карпош, на улицата „Славеј планина“ во општина Чаир, како и на повеќе локации во општина Кисела Вода. Еко-патролата извршила надзор врз неколку микролокации на улицата …

Continue Reading

Бенфика го освои Суперкупот на Португалија

 Бенфика синоќа го совлада Порто во Суперкупот на Португалија со 2:0. Анхел ди Марија го отвори резултатот во 61. минута, кој летото се врати во клубот по 13 години. Седум минути подоцна Петар Муса ја удвои предноста на „орлите“. На крајот од средбата Порто остана со фудбалер помалку- црвен картон доби Пепе во 90+1 минута, а шест минути подоцна судијата …

Continue Reading

Сообраќајка на патот Прилеп-Градско, сообраќајот во прекин

Патниот правец Прилеп-Градско е во прекин поради сообраќајна незгода на 500 метри од крстосницата „Камен Дол“. Прекинот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е од 06:40 часот.

Continue Reading