Во Собранието почна расправата по измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието попладнево продолжи со работа по 41. седница, на која ја почна расправата по Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, предложен од пратениците Павле Трајанов, Моника, Зајкова, Димитар Апасиев, Маја Морачанин, Боби Мосјоски, Љупчо Балкоски, Панчо Минов и Борислав Крмов. Пратеникот на Демократски сојуз и предлагач на измените и дополнувањата на Изборниот закон, Павле Трајанов истакна дека …

Continue Reading

Бочварски: Постигнавме историски успех, го либерализиравме товарниот и патничкиот превоз со Република Србија

Од 1 август се укинуваат сите дозволи кои се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво, а кои се однесуваат за превоз на стока кој се врши за и од трети земји помеѓу Република Македонија и Република Србија. Ова подразбира целосна либерализација на транспортот на стока и се однесува за сите еколошки возила почнувајќи со стандард од ЕВРО 1, ЕВРО …

Continue Reading

Киев: 29 градови и села поплавени по нападот на браната Каховка

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко денеска соопшти дека нападот на браната Каховка довел до поплавување на 29 градови и села долж реката Дњепар. На апликацијата Телеграм, Клименко објави дека 10 од тие населби се на украинската страна на реката. Шефот на украинската воена администрација во Херсон, Олександр Прокудин, претходно објави дека Украина евакуирала околу 1.700 луѓе од поплавените …

Continue Reading

,,Мој општинар” Кавадарци работи на проект за пристапност на лица со попреченост до секој дел од градот

Службата „Мој општинар” во Кавадарци веќе работи на проектот за пристапност на лицата со попреченост до секој дел од градот, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Во прва фаза целта на проектот е да се спуштат тротоарите на сите локации каде што е неопходно. Да се дислоцираат бандерите што го попречуваат движењето. Да се изврши проширување …

Continue Reading

Утре попладне нестабилно со пороен дожд

Времето во земјава утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од …

Continue Reading

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски денеска го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје, со седиште во општина Чаир, како и Центарот за рехабилитација СОС Вита Медика. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, на средбата со Ертан Шакири, претседателот и основач на „СОС Вита“ – Скопје и со членови на здружението, Пендаровски беше запознат со заложбите и активностите кои …

Continue Reading

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Македонија

Превозот на товар меѓу Србија и Македонија, што се врши во или од трети земји, со еколошки возила, ќе се либерализира, односно ќе биде ослободен од режимот на дозволи од 1 август, изјави денеска српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ. Во соопштението на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, се наведува дека ова е резултатот од договорот …

Continue Reading

Швјонтек и Хадад Маја се пласираа во полуфиналето на Ролан Гарос

Полската тенисерка Ига Швјонтек и Беатриз Хадад Маја од Бразил ќе играат во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција. Ова е епилогот по двете денешни четвртфиналиња во кои Швјонтек ја победи Коко Гауф од САД со 6:4 и 6:2, додека Хадад Маја ја совлада Онс Жабер од Тунис со 3:6, 7:6(5) и 6:1. Двојката за другото полуфинале е Мухова (Чешка) …

Continue Reading

Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк – Школка

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на гастрономски настан „Вкуси ја Франција“, којшто ќе се одржи в сабота, 10 јуни 2023, со почеток во 12 часот, во Градски парк – Школка. Настанот, во 12 часот, свечено ќе го отворат г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје, и Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција. …

Continue Reading