Блинкен бара мирно решение за ситуацијата во Нигер

Американскиот државен секретар Антони Блинкен повика на мирно решение за пучот во Нигер, откако западноафриканскиот блок ЕКОВАС (ECOWAS) одобри воени сили „во готовност“. „САД ја ценат решеноста на ЕКОВАС да ги истражи сите опции за мирно решавање на кризата“, наведе Блинкен во изјавата. Изјавата дојде откако Блинкен, обраќајќи им се на новинарите, ги поддржа напорите на ЕКОВАС без да ја …

Continue Reading

Кибер истрага: Хакери со години шпионирале странски дипломати во Белорусија

Група хакери со години шпионирале вработени во амбасадите на четири земји во Белорусија, вклучително и за време на војната во Украина, објавија истражувачите од словачката компанија за кибер безбедност ESET. Цел на нападот биле околу 15 уреди во сопственост на дипломати од две земји во Европа, една од Јужна Азија и една од Африка, а кои работеле во амбасади, изјави …

Continue Reading

Јужна Турција: 23 повредени во земјотрес со јачина од 5,2 степени

Најмалку 23 лица се повредени во јужна Турција во земјотресот со јачина од 5,2 степени, шест месеци откако катастрофалните земјотреси го погодија истиот турски регион. Центарот за регистрирање земјотреси во Истанбул соопшти дека потресот се случи вчера во 20:47 часот по локално време. Неговиот епицентар бил во малиот град Јесилјурт во провинцијата Малатија. Покраината Малатија беше меѓу тешко оштетените од …

Continue Reading

Силен земјотрес регистриран во Јапонија

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на северниот дел на Јапонија, а соодветните служби јавија дека нема опасност од цунами. Епицентарот на потресот се наоѓал во Тихиот Океан помеѓу островот Хокаидо и северниот дел на островот Хоншу. Регистриран е на длабочина од 46 километри под површината на земјата. Нема извештаи за жртви …

Continue Reading

Кинеските туристи повторно можат организирано да патуваат во Македонија

Кина ја вклучи Македонија во групата земји во кои можат да патуваат организирани кинески туристички групи. Кинеското Министерство за култура и туризам соопшти дека се укинуваат ограничувањата за организирани туристички патувања, воведени за време на пандемијата Ковид-19, за уште 78 земји. Покрај Северна Македонија, турстите од Кина ќе можат организирано да патуваат и во Германија, Велика Британија, Австрија, Бугарија, Полска, …

Continue Reading

Смртниот баланс од катастрофалните пожари на Хаваи се искачи на 53

Бројот на загинати во шумските пожари во туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи се искачи на 53, соопшти округот Мауи. Најмалку три големи пожари избувнаа на Мауи во вторникот навечер, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба.  Најмалку 53 лица загинаа, додека на огромен број луѓе им …

Continue Reading

Лани имаше најмногу самоубиства во САД од Втората светска војна

Околу 49.500 луѓе си го одзеле животот минатата година во САД, што е најголем број самоубиства за една година во таа земја од почетокот на Втората светска војна, соопти американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Експертите предупредуваат дека самоубиството е комплициран феномен и дека неодамнешните зголемувања би можеле да бидат поттикнати од голем број фактори, вклучувајќи повисоки стапки …

Continue Reading

Бајден побара од Конгресот 13 милијарди долари за нови воени трошоци за Украина

Администрацијата на претседателот Џо Бајден синоќа побара од Конгресот повеќе од 13 милијарди долари за нови воени трошоци за Украина, наведувајќи ја потребата од континуирана поддршка по руската „неиспровоцирана“ инвазија на земјата минатата година. Финансирањето ќе и помогне на Украина и на другите ранливи земји „погодени од неиспровоцираната и брутална инвазија на Русија“, напиша директорката на Канцеларијата за менаџмент и …

Continue Reading

Американскиот обвинител предложи на Трамп да му се суди во јануари 2024 година.

Специјалниот обвинител Џек Смит синоќа предложи судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводен обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година да почне во јануари 2024 година. Судијката Танја Чуткан, која ќе претседава со сослушувањето во федералниот суд во Вашингтон, рече дека датумот на судење ќе биде одреден на сослушувањето што го закажа за 28 август. …

Continue Reading