Хаџибегиќ веќе не е селектор на БиХ

Фарук Хаџибегиќ веќе не е селектор на Босна и Херцеговина, ја потврди денеска босанската фудбалска Федерација (НС БиХ) одлука која беше очекувана по серијата слаби резултати во квалификациите за ЕУРО2024. „Претпладнево имаше разговор меѓу претседателот на НС БиХ, Вицо Зељковиќ, директорот на репрезентацијата Звездан Мисимовиќ и Хаџибегиќ, и договорен е спогодбен раскин на соработката со овој стратег“, се наведува во …

Continue Reading

Почина Кико, момчето за кого се собираа средства за лекување во Турција

Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ потврдија за МИА дека денеска починал нивниот пациент Кристијан Коцев, за кого се собираа финансиски средства за лекување во Турција. Коцев бил примен во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на 18 јуни во состојба на општа слабост, губиток во тежина, тешко дишење, забрзан пулс. – Станува збор за пациент со докажано хередитарно невролошко заболување со направена …

Continue Reading

Илхан Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели

Постапката во македонското Собрание за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава ќе започне во рок од две недели, тврди бугарскиот европратеник и известувач за Европарламентот за земјава, Илхан Ќучук. – Оваа или следната недела Владата ќе го достави конкретниот предлог на Работната група на расправа во Собранието, изјави Ќучук за бугарската телевизија бТВ. Европратеникот кој неделава …

Continue Reading

Расчистени пет тешки кражби на подрачјето на Дебар, поднесени кривични пријави против албански државјанин

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар при ОВР Дебар денеска расчисти пет кривични дела, при што до Основното јавно обвинителство Дебар се поднесени пет кривични пријава против Д.Ц.(36) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236, став 1, точка …

Continue Reading

Во првото пријавување, во прва година, во дебарската гимназија запишани 65 ученици

Во единственото средно училиште во општина Дебар, гимназијата „28 Ноември“ во првото пријавување во прва година запишани се 65 ученици што е околу 24 отсто од предвидената квота. -Запишани се сите 65 пријавени ученици. Од нив 51 се за паралелките со настава на албански, додека 14 за македонски наставен јазик. Според Конкурсот на МОН, можност за упис имаат 272 ученика …

Continue Reading

Тренчевска: Регионалните соработки водат кон заеднички успеси од кои придобивка имаат сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по завршувањето на меѓународната конференција „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација“, во Црна Гора, оствари две билатерални средби, со  министерката за труд и социјална политика на Република Бугарија, Иванка Шалапатова и министерот за човекови и малцински права и бегалци на Босна и Херцеговина, Севлид Хуртиќ. На средбата со  министерката за …

Continue Reading

Одржан вториот јавен состанок на АВМУ за 2023

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска го одржа вториот јавен состанок, на кој директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. АВМУ соопшти дека присутните имале можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, давателите на АВМУ …

Continue Reading

Асфалтирање на локалниот пат – улица „532“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски денеска изврши увид во завршната фаза за реконструкција на локалниот пат – улица „532“, на која се врши завршен слој на асфалтирање. Покрај асфалтирањето на коловозот, изградена е и пешачка патека во должина на улицата, известуваат од општината. Георгиевски ја истакна потребата за целосна реконструкција и стабилизација на патот поради големата сообраќајна фреквенција и …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Антикорупциска комисија молчела четири години иако знаела за скандалите на Мерко

ВМРО-ДПМНЕ реагира зошто Државната комисија за спречување на корупција молчела четири години, иако знаела за случај во кој имало основано сомнение за криминал за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. – Денеска Државната комисија за спречување на корупција излезе со признание дека пред четири години реагирале за случај каде има основано сомнение за криминал на струшкиот градоначалник Мерко, а Судскиот Совет политички …

Continue Reading