Во областа Гора – Албанија, каде живеат Македонци европратеникот Ковачев ги посетил „Бугарите“

Бугарија продолжува со, како што ја оценуваат македонските здруженија во Албанија, агресивната политика на асимилација на Македонците во трите области населени со етнички Македонци, Преспа, Голо Брдо и Гора. -Последната од низата бугарски обиди Македонците да се претстават како Бугари, е посетата на европратеникот Андреј Ковачев на областа Гора, округ Кукс, заедно со бугарскиот амбасадор и други претставници на амбасадата …

Continue Reading

„Лајка“ залови 30 бездомни кучиња за 10 дена во општина Гази Баба

Јавното претпријатие „Лајка“ од 12 јуни почна со стратешкото заловување на територијата на општина Гази Баба, иако со посебен интензитет во оваа општина се заловуваше и претходно. За овие 10 работни денови, тимот на „Лајка“ залови вкупно 30 бездомни кучиња, кои го немаа поминато хуманиот третман и секое едно од нив во моментов е во некоја фаза од третманот во …

Continue Reading

Германскиот претседател Штајнмаер предупреди на конфликти поради недостиг на вода

Светот се соочува со зголемен ризик од конфликт, бидејќи водата станува се поретка поради климатските промени, предупреди денеска германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, цитиран од ДПА, во изјава за време на неговата посета на Киргистан. Заканата бара два правци на дејствување, нагласи Штајнмаер за време на посетата на Националниот парк Ала-Арча во централноазиската република. „Од една страна, тоа е политичка инвестиција …

Continue Reading

МТСП: Контактирано е со директорката на градинката „Детска радост“, ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор

Министерството за труд и социјална политика во врска со настанот за наводно исчезнување на дете од градинката „Детска Радост“ во општина Гази Баба информира дека е контактирано со директорката на градинката и дека на негувателката и е издадена писмена опомена. -Министерството за труд и социјална политика во врска со настанот за кои пишуваат медиумите, за наводно исчезнување на дете од …

Continue Reading

До 35.000 смртни случаи поради жештините во Франција од 2014 година, соопштија француските здравствени власти

Од 2014 година, меѓу 30.000 и 35.000 луѓе починале во лето во Франција поради жештините, соопшти денеска француската Агенција за јавно здравје. Овие бројки, како што се посочува, не се поврзани само со периоди на екстремна топлина. „Треба да се забележи дека значителен дел од тие смртни случаи се луѓе помлади од 75 години“, соопшти француската здравствена агенција. Таа е …

Continue Reading

Меѓународниот олимписки комитет ја критикува Украина

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, ги критикуваше украинските власти поради забраната на своите спортисти да учествуваат на олимписките квалификации на кои настапуваат и спортисти од Русија и Белорусија. Украинските спортисти изминатите недели ги пропуштија светските или европските првенства во џудо, мечување и таeкводно на кои под неутрални обележја се појавија и руски и белоруски натпреварувачи. МОK во …

Continue Reading

Ковачевски: Oбезбедивме помош за компаниите и ги задржавме работните места

Компанијата „Еврос комерц“ од Старо Нагоричане со државна помош од над 56 илјади евра набавила висококвалитетна машина за виткање и лепење на кутии за фармацевтската индустрија и изградила нов производствен погон. – Кога имаш визија, кога имаш верба во успех, успехот на крајот е неминовен. Визијата на компанијата „Еврос комерц“ која денеска ја посетуваме во мојот роден крај и по …

Continue Reading

Се повеќе Британци сакаат нивната држава повторно да се приклучи во ЕУ

Седум години по референдумот за Брегзит, бројот на Британци кои сакаат повторно да се приклучат на Европската унија е на највисоко ниво од 2016 година, покажува истражувањето на SouthGov. Според известувачот, 58,2 отсто од испитаниците сега би гласале за повторно поврзување, објави „Гардијан“. Рекорден процент од Британците сметаат дека е малку веројатно другите земји да го следат примерот и да …

Continue Reading

Означен почетокот на регионалниот проект „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“

Со промоција одржана во просториите на бањскиот локалитет „Дебарски Бањи Цапа“, во село Долно Косоврасти, Дебар денеска официјално започна реализацијата на проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“. Проектот, како што беше речено, го спроведуваат ЦНВП Скопје, заедно со ЦНВП Албанија, Црна Гора и Косово во партнерство со ICEP – Асоцијација за глобален развој, финансиран од Австриска …

Continue Reading