Брнабиќ: Посетата на Пленковиќ е позитивен импулс за во иднина

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Суботица по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Србија смета дека односите со Хрватска се многу важни и дека е искрено заинтересирана за развој на севкупните односи и подобрување на соработката. „Оваа посета на премиерот Пленковиќ денес, како и мојата неодамнешна посета на Загреб, се многу важни и даваат позитивен импулс за …

Continue Reading

САД организираа состанок на нуклеарните сили во Каиро

САД свикаа состанок овој месец на кој учествуваа експерти од Кина, Русија, Франција и Велика Британија за да разговараат за нуклеарното оружје, вклучувајќи го и намалувањето на поврзаниот стратешки ризик, соопшти денеска американскиот Стејт департмент. Во соопштението се додава дека Вашингтон бил домаќин на состанокот од 13 до 14 јуни во Каиро, на кој присуствувале претставници на петте земји со …

Continue Reading

МАЕИ со осуда на обидите европратеникот Ковачев за преставување на Македонците во Гора како Бугари

Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), реагираше во врска на посетата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на областа Гора, кој, како што беше објавено, „бил во посета на Бугарите“. Во реакцијата на МАЕИ се осудува однесувањето на европратеникот Ковачев и бугарскиот амбасадор во Албанија, кои заедно со други дипломати од Бугарската амбасада во Тирана, давајќи …

Continue Reading

Српската армија испрати барање до КФОР да ги заштити Србите на Косово

Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, генерал Милан Мојсиловиќ денеска изјави дека испратил барање до командата на КФОР да преземе итни мерки за заштита на српскиот народ и неговото право на опстанок. „Согласно сите факти и поради коректната и професионална соработка што ја имаме, го информирав командантот на КФОР дека со голема вознемиреност ги следиме настаните и бараме да …

Continue Reading

Развојот на вештачката интелигенција може да ги загрози работните места на речиси 80 отсто од жените во САД

Развојот на вештачката интелигенција (ВИ) би можел да ги загрози работните места на речиси 80 отсто од жените во САД, покажува новото истражување на Универзитетот во Северна Каролина. Околу 59 милиони вработени жени во САД се занимаваат со професии кои се загрозени од автоматизацијата и развојот на вештачката интелигенција, пренесува Cи-Ен-Ен. Вработените мажи се исто така изложени на овој ризик, …

Continue Reading

Баша се врати на политичка сцена, со аспирации да се врати на лидерската позиција во ДП

По нешто повеќе од едногодишен молк и отсуство од албанската политичка сцена, поторно се врати поранешниот лидер на најголемата албанска опозициска Демократска партија (ДП), Љуљзим Баша, со аспирации повторно да се врати на челната функција, од која се повлече на 21 март минатата година. Претседателството на официјалната Демократска партија (постои и фракцијата на Сали Бериша, која е побројна) покрај неговата …

Continue Reading

Македонските тенисерки изборија финале во Третата Европска зона во Били Џин Кинг купот

Македонската женска тениска репрезентација обезбеди пласман во финалето во Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот, откако попладнево во Скопје во завршното петто коло ја совлада Молдавија со 3-0 и со максимален ефект од пет победи заврши првопласирана во групата Б. Почетна предност за македонската репрезентација обезбеди Магдалена Стоилковска, која со 2-0 во сетови (7-6, 7-5) ја совлада Даниела …

Continue Reading

Ќе се изработува физибилити студија за ски-центарот „Царев Врв“ на Осоговските Планини

Иницијативата за изградба и развој на идниот ски-центар „Царев Врв“ на Осоговските Планини, добива национално значење и со поддршка од државата, во наредниот период ќе се преземат активности за изработка на мастер план. Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беше потпишан меморандум за соработка со општините Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица, Пробиштип, Крива Паланка и Кратово, како и со …

Continue Reading

Во Бигорскиот манастир вечерва ќе се чествува „Достојно ест“

Свештената бигорска обител традиционално и годинава го одбележува празникот на Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достојно ест“, за што во манастирот се пристигнати верници од повеќе делови на државава. Вечерва во 22 часот ќе започне сеноќното бдение, а благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја. Иконата во овој Бигорскиот …

Continue Reading