Алкараз посакува финале со Ѓоковиќ: Еден меч ме дели од Новак
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз посакува финалето на УС Опен против Новак Ѓоковиќ. Алкараз во четвртфиналето го елиминира Александар Зверев и без разлика што се уште не стигнал до борбата за пехарот, новинарите се интересираа дали со нетрпение ја чека пресметката со Ѓоковиќ. Тие двајцата водеа огромни битки во претходните два месеци, прво во финалето на Вимблдон, а потоа и на …
Continue Reading
Лавров: САД сакаат да ја потиснат Кина и да ја изолираат Русија во индо-пацифичкиот регион
Сè што прават САД и нивните сојузници за да ги прошират своите интереси, криејќи се зад индо-пацифичката стратегија, всушност има за цел да ја потиснат Кина и да ја изолираат Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на конференцијата по средбата со неговиот колега од Бангладеш Абдул Момен. „Тоа е глобален процес на проширување на НАТО што го …
Continue Reading
Путин побара од владата да го забрза развојот на вештачката интелигенција во Русија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од владата да го забрза развојот на вештачката интелигенција во Русија за да може да се натпреварува со западните земји во светската трка за вештачка интелигенција. Според документот објавен денеска на официјалната веб-страница на Кремљ по владиниот состанок, рускиот претседател побарал до 2030 година да се обезбедат мерки за поддршка на активностите на истражувачките …
Continue Reading
Во сабота филмска вечер на отворено со „Медена земја“
На добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, оваа сабота (09.09.2023 година) Градот Скопје за граѓаните организира медена филмска вечер со проекцијата на хитот „Медена земја“. Киното на отворено е одлична можност граѓаните да уживаат во македонски филм во еден од последните викенди ова лето. Проекцијата на филмот „Медена земја“ од режисерите Тамара Котевска и Љубомир …
Continue Reading
Петта фаза од терестричната дезинсекција против комарци
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 11 до 15.09.2023 година на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција (петта фаза) против возрасни форми на комарци. Во посочените денови, прскањето од земја ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска …
Continue Reading
Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Венецијa
„Нов триумф на Горан Столевски со приказната за маргинализирани луѓе” – вака реномираното британско филмско списание Screen Daily ја започнува својата критика за најновото остварување на режисерот Столевски, а додека Deadline вели дека е режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил и е име коа треба да се запомни. Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а …
Continue Reading
Намалување на каматните стапки на Халкбанк за кредити за физички лица
Халкбанк АД Скопје изврши намалување на каматните стапки на потрошувачкиот и хипотекарниот кредит наменети за физички лица и понуди атрактивни услови за станбениот кредит. Овие услови ќе важат во промотивен период до 31 декември 2023 година. Станува збор за кредити што вообичаено се најбарани од населението и токму затоа Банката одлучи да понуди подобри услови за истите со цел да …
Continue Reading
Македонија2025 ќе додели две Признанија за придонес на припадниците на дијаспората
Македонија2025, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, ќе додели дополнителни две признанија за придонес на припадниците на дијаспората кон развојот на Република Македонија за 2023 година. Добитници на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората се: Стен Томас од Канада за неговиот исклучителен придонес за македонската заедница во областа на филантропијата, социјалното влијание и хуманистички работа и Влатко Андоновски …
Continue Reading
Победникот на Типстер Купот на „Sport Life“ ги зеде клучевите од станот
Премијата на Типстер Куп сезоната 2022/2023 – станот во Џевахир Скај Сити, ја освои Владимир Трајчев од Струмица. Трајчев до највредната награда стигна благодарение на еден фeноменален тикет уплатен пред крајот на акциската игра која траеше 10 месеци, во периодот од септември 2022 година до јуни 2023 година. „Го сакам спортот и најмногу следам фудбалски мечеви. Често играм во обложувалница, …
Continue Reading