Ферстапен најбрз во спринт трката за ГН на Белгија

– Незапирливиот Холанѓанец Макс Ферстапен оствари нова победа, триумфирајќи денеска во спринт трката на Големата награда на Белгија со што дополнително ја зголеми убедливата предност на врвот во генералниот пласман сезонава во Формула 1. На дождливото време, кое неколкупати го одложуваше стартот на спринт трката на патеката Спа, Ферстапен изби на чело по шестиот круг и го зачува водството до …

Continue Reading

Гори и во Демиркаписко, ќе се гаси со полициски хеликоптер

– Уште еден пожар попладнево во Тиквешко, покрај пожарот во Гоцева шума кај Неготино, пожар избувна и во Демиркаписко. -Поради олеснување на воспоставувањето на контрола врз шумскиот пожар во месноста наречена Мал Раковец во општината Демир Капија, за дваесетина минути ќе дејствува еден полициски хеликоптер со ведро од три тона, информираа од Центар за управување со кризи. Авион на ДЗС …

Continue Reading

Курти за случајот Клан Косова: Спроведувањето на законот не е напад врз медиумите

– Примената на законот против интересите за финансиска корист на моќните бизнисмени не претставува напад врз медиумите, изјави денеска косовскиот премиер Албин Курти, алудирајќи на одлуката на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија (МИПТ) да ја суспендира дозволата за работа на телевизијата „Клан Косова“. МИПТ вчера ја одби жалбата на телевизијата и ѝ ја одзеде дозволата за работа, а Клан …

Continue Reading

„Ер трактор“ на ДЗС интервенира на пожарот кај Неготино

– Авион на ДЗС интервенира на пожарот кај Неготино, соопштија од ЦУК. – Авионот „Ер трактор” на ДЗС полетал и ја погодил со вода токму локацијата со пожар каде што требало, согласно наведувањето од противпожарните сили од земја. Пожарот почнал да се контролира иако се уште дувало променлив ветар. Со вториот налет најветојатно ќе биде локализиран и совладан и од …

Continue Reading

Одреден 30-дневен притвор за осомничениот за обид за убиство на началникот на ОВР Струга

 -Поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ врз Д.А. вчера е лишен од слобода С.Н. (44) од с. Велешта, од страна на полициски службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции, соопшти МВР. Како што се наведува во соопштението, на 28.07.2023 околу 17.35 часот на …

Continue Reading

Најмалку 10 жртви во експлозија во Тајланд

– Најмалку 10 лица загинаа, а 118 се повредени во голема експлозија во магацин за огномет во јужен Тајланд, соопштија локалните власти. Одделот за односи со јавност на провинцијата Наративат соопшти дека експлозијата погодила жители на повеќе од 200 домаќинства во радиус од околу 500 метри. Се претпоставува дека под урнатините има уште затрупани луѓе. На видеа објавени на социјалните …

Continue Reading

На Табановце за влез во државата се чека околу 45 минути

– Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце за влез во државата времето на чекање е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ …

Continue Reading

Гори Гоцева шума кај Неготино

– Гори Гоцева шума кај Неготино, на терен интервенираат неготинските пожарникари а помош има и од пожарникарите од Кавадарци, потврди за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Градоначалникот изјави дека е на лице место, но засега не може да се каже кои се причините за пожарот. Тој појасни дека изгорел дел од зимзелената шума, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат …

Continue Reading