Ферстапен најбрз во спринт трката за ГН на Белгија

verstapen_ferstapen_3454334
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Незапирливиот Холанѓанец Макс Ферстапен оствари нова победа, триумфирајќи денеска во спринт трката на Големата награда на Белгија со што дополнително ја зголеми убедливата предност на врвот во генералниот пласман сезонава во Формула 1.







На дождливото време, кое неколкупати го одложуваше стартот на спринт трката на патеката Спа, Ферстапен изби на чело по шестиот круг и го зачува водството до крајот.

Второто место го освои Австралиецот Оскар Пјастри, пред Пјер Гасли од Франција и Шпанецот Карлос Саинц.

Најинтересниот момент во трката беше контактот Перез и Хамилтон на патеката поради што Перез ја загуби четвртата позиција која ја имаше до тој момент, додека Хамилтон беше казнет со пет минути и заврши на седмото место.

Ова беше трета спринт трка оваа сезона во Ф1 и втора победа на Ферстапен по Австрија.

Големата награда на Белгија се вози в недела со почеток во 15 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK