Под европската инфлација, Владата со фокус на семејниот буџет

Поради зголемените ценовни притисоци на европските енергетски пазари, Владата во фокус го става семејниот буџет со тоа што презема конкретни интервенции кај горивата, со намалување на ДДВ-то, договори попусти и засилен пазарен надзор, насочени кон ублажување на трошоците за граѓаните и компаниите. Годишната инфлација во Македонија во септември изнесувала 2,7 проценти, наспроти 3,8 проценти во Европската Унија. Токму оваа разлика …

Continue Reading

Инфлуенсерска математика: Милиони следбеници, нула продажба.

Колумна на Наташа Велковска Авторката е експерт за комуникации, односи со јавност, маркетинг и бренд стратегија, со фокус на сторителинг, репутација и градење доверба меѓу брендовите и нивната публика. „Колку следбеници има?“ Па, зар е важно? Пред некој ден гледав видео од подкастот The Iced Coffee Hour во кое Грег ЛаВекиа, коосновачот на американскиот бренд Bloom Nutrition, раскажува една приказна …

Continue Reading

Албанскиот министер за надворешни, Ферит Хоџа, за “Надворешна” на МРТ: Се надевам дека протестите во Албанија нема да се имитираат низ регионот

Премиерот Еди Рама нема да си поднесе оставка, а насилните протести во Албанија се резултат на странско влијание, откако група екстремисти се инфилтрираше меѓу студентите – ова е заклучокот на шефот на албанската дипломатија, Ферит Хоџа во неговото синоќешно ексклузивно гостување во “Надворешна” на МРТ. Тој вели дека барањата на студентите се легитимни и треба да бидат слушнати, но сега …

Continue Reading

Скопје му го враќа достоинството на споменикот на децата бегалци

Градот Скопје го обнови споменикот во паркот „Жена борец“ кој потсетува на илјадниците детски животи кои биле прогонети од своите домови. Споменикот со години стоеше  без плоча и без соодветно обележје поради вандализам, а денес тој повторно добива внимание како важен дел од историската и колективната меморија на македонскиот народ. Реконструкцијата ја реализира Градот Скопје, во рамките на активностите за …

Continue Reading

Мицкоски: Бугарија ги користи механизмите на ЕУ за да нè закочи, но мора да дејствуваме мудро

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, порача дека Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон Европската Унија, обременет со неправедни удари и билатерални спорови, но нагласи дека напуштањето на преговорите не е решение. Тој упати критики кон Бугарија, обвинувајќи ја дека ги користи механизмите на ЕУ за да го …

Continue Reading

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

(16.10.2026 – 21.10.2026) Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност) Дневни податоци од независниот систем за мониторинг се достапни на специјализираниот EKO портал за животна средина на ТИТАН Усје на следниот линк: https://eco.usje.mk/mk/ . На оваа платформа се поставени и детални информации за активностите на компанијата во областа на животната средина …

Continue Reading

Емисиите на цврсти честички во третиот квартал над 90 отсто под дозволените граници

Резултатите од мерењата на емисиите на цврсти честички од двете емисиони точки на Макстил за периодот јули – септември 2026 година покажуваат дека сите измерени месечни вредности се во согласност со пропишаните гранични вредности и во текот на целиот период биле значително пониски од дозволените гранични вредности. Кај емисионата точка Оџак од филтер постројка, измерени се 0,63 mg/Nm³ во јули, …

Continue Reading

АмЧам: Посилна заштита на интелектуалната сопственост преку активно Национално координативно тело

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) вчера во Скопје организираше тркалезна маса посветена на унапредување на заштитата на интелектуалната сопственост. Во фокусот беше улогата на Националното координативно тело и можностите преку неговата работа да се обезбеди поефикасна заштита во оваа област. На настанот учествуваа претставници од институции, деловната заедница и стручната јавност, а поздравни обраќања имаа Барнабас Биркеланд, претставник …

Continue Reading

Малите навики прават разлика: Баланс+ отвора разговор за животот „Во рамнотежа“

Со нов поткаст посветен на дигестивното здравје, Баланс+ поттикнува разговор за исхраната, секојдневните навики и грижата за себе. Оброк набрзина, уште една одложена пауза и ден исполнет со обврски. Во брзото секојдневие, колку време навистина одвојуваме за себе и за навиките што ни помагаат да се чувствуваме добро? Токму од ова прашање започнува новиот поткаст-серијал „Во рамнотежа“, преку кој Баланс+ …

Continue Reading