„Родителска средба без оценки“ на Телеком го исполни градскиот парк со родители и деца

Добро познатата „Школка“ во Градскиот парк беше местото каде што викендов се одржа првата „Родителска средба без оценки“, организирана од Македонски Телеком. Родители, деца, експерти и јавни личности се собраа на едно место за да отворат важен разговор за тоа како заедно можеме да ги заштитиме децата од врсничко и онлајн насилство и да создадеме средина во која ќе растат …

Continue Reading

Личен бренд што ги плаќа сметките

Колумна на Наташа Велковска Авторката е експерт за комуникации, односи со јавност, маркетинг и бренд стратегија, со фокус на сторителинг, репутација и градење доверба меѓу брендовите и нивната публика. Викендов бев на предавање на Зоран Салопек. Во еден контекст зборуваше за тоа колку бил исмеван од бизнис круговите во кои припаѓал кога почнал јавно да зборува за „сила, љубов и …

Continue Reading

Променливо облачно со сончеви периоди: пониски утрински температури

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне …

Continue Reading

Светскиот ден на туризмот низ вкусови: Една трпеза, многу дестинации

За патување низ светот понекогаш не се потребни ниту авионски билет, ниту спакуван куфер. Понекогаш е доволно само да одлучите што ќе јадете. По повод Светскиот ден на туризмот, 27 септември, податоците за нарачките преку Wolt во Скопје, Битола, Охрид и Тетово покажуваат колку различни светски вкусови веќе се дел од секојдневниот избор. Речиси секоја петта нарачка од ресторан е …

Continue Reading

„Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила“: Клучните пораки на Мицкоски од ОН

Обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски пред Генералното собрание на Обединетите нации може да се чита како обид на меѓународната сцена да се постават неколку клучни позиции на Македонија за нејзината геополитичка ориентација, односите со големите сили, европската интеграција, инфраструктурното поврзување и зелената транзиција. Централната порака е дека Македонија, како мала држава, не може да си дозволи неопределеност во период кога …

Continue Reading

Мијалков демантира инволвираност во Барутана

Целосна лага се информациите изнесени од страна на политичката партија Левица дека мене некој ми подарил било што во месноста викана Барутана. Не поседувам никаков имот на посочената локација, ниту имам каков било интерес во врска со истата. Тоа се однесува не само на мене, туку и на компаниите кои се во моја сопственост и сопственост на членовите на моето …

Continue Reading

Бидете дел од конференцијата која ги носи германските и регионалните експерти за контролинг во Скопје

– Какви компетенции ќе им бидат потребни на контролерите во ерата на вештачката интелигенција, како технологијата ги менува финансиските функции и на кој начин компаниите можат подобро да ги претворат податоците во деловни одлуки? Овие прашања ќе бидат разработувани на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг, која ќе се одржи на 30 септември во Скопје.   Под наслов „Актуелни предизвици во …

Continue Reading

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

(18.09.2026 – 24.09.2026) Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност)   *** Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, …

Continue Reading

Од податоци и превенција до посилни резултати и политики

Пушењето останува еден од најзначајните предизвици за јавното здравје во Македонија. Целта е јасна: помалку луѓе да пушат, а младите и непушачите воопшто да не започнат. За политиките да дадат реален резултат, тие мора да се темелат на прецизни податоци, подобро разбирање на различните навики на употреба и пристап кој ја препознава реалноста на возрасните пушачи. Најдобрата одлука за секој …

Continue Reading