Маж од Ресен менувал дел на трактор кога машината почнала да се движи наназад – скокнал, но се здобил со тешки повреди


prevrten-traktor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во Ресен се случи несреќа во дворот на една куќа.


Шеесет и тригодишниот Е.З. додека менувал дел на својот трактор „Фергусон“, машината ненадејно почнала да се движи наназад. За среќа, успеал да скокне, но тракторот се превртел и тој се здобил со тешки повреди.

Итно бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Се работи на расчистување на околностите околу несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK